Доколку овие работи околу високите потпетици се уште не ги знаевте, прочитајте подолу и откријте…
1. Кога се појавија првите чевли со високи потпетици?
Тие се појавија во 14-от век и ги носеше маж. Луј 14 не можел да се помири со тоа дека е низок, па редовно носел чевли со потпетица од 4 сантиметри.
2. Кој ги прослави чевлите на висока потпетица?
Сепак жената ги направи чевлите на висока потпетица култ. И не било која, туку Катерина де Медичи. Со исклучително низок раст Катерина носела чевли на висока потпетица од 5 сантиметри уште од 14 годишна возраст.
3. Која е идеалната височина за чевлите со висока потпетица?
За потпетица на чевлите се смета секоја потпетица која е со висина над 5,5 сантиметри. Сепак, истражувањата покажуваат дека потпетиците над 10 сантиметри не делуваат елегантно и се непрактични за движење.
4. Дали високите потпетици се штетни за вас и вашето здравје?
Одењето на чевли со нормално висока потпетица ја прават поцврста мускулатурата на нозете. Но, одењето на чевли со екстремно висока потпетица не само што штетат на нозете туку и на ‘рбетот.
5. Колку од жените носат високи потпетици?
Истражувањата покажуваат дека денес дури 65 отсто од жените во Европа носат чевли со висока потпетица дури 40 часа неделно и тоа главно на работа, а дури 35 отсто од нив носат потпетици повисоки од 12 сантиметри.
6. Што советуваат докторите?
Докторите сугерираат дека носењето на екстремно високи потпетици (над 12 сантиметри) може да делува и на мозокот зашто доаѓа до притисок на крвните садови и нерви што предизвикува послаби ментални функции и главоболка.
7. Што велат стручњаците за стапала?
Стручњаците за стапала истакнуваат дека носење на потпетица над 7 сантимтетри го зголемува притисокот на зглобот дури за 80 отсто.
8. Високи чевли на потпетица – без потпетица?!
Иако спаѓаат во чевли од модерното време, високите чевли на потпетица- без потпетица потсетуваат на некои средновековни креации. Прв пат се појавија на ревијата на Антонио Беради во 2007 година, а една година подоцна ги прослави Викторија Бекам. И покрај неприродниот и многу неудобен изглед оној кој ги носи нема никакви болки зашто се совршено избалансирани.Доколку овие работи околу високите потпетици се уште не ги знаевте, прочитајте подолу и откријте…