Денес му е роденден на миленикот на македонските фудбалски фанови

Агим Ибраими денес слави 25 години, па македонските фанови, кого во него гледаат како новиот Артим Шаќири, наместо торта, од него сигурно посакуваат погодоци против претстојните дуели со Велс и Шкотска.Роден е на 29-ти август, 1988-мата година, во Тетово, каде и ги започна своите фудбалски почетоци.
Младата кариера ја започна во фудбалскиот тим на Шкендија, каде ги помина младинските погони на тетовскиот тим.
Во сениорската кариера продолжи со настапи за Шкендија, каде во една сезона одигра 49 натпревари, притоа постигнувајќи 3 погодоци.
Одличните партии во дресот на тетовска Шкендија беа повод поголемите клубови да пројават голем интерес за нашиот најдобар македонски фудбалер. Откако помина само една сезона во дресот на Шкендија, започна неговата интернационална кариера, прв избор беше австриски Салцбург, каде одигра две сезони, забележувајќи 11 настапи и притоа постигнувајќи 4 погодоци, а потоа во 2008-мата година се пресели во словенечкото фудбалско првенство каде ги бележи неговите најголеми успеси.
Во Олимпија за две одиграни сезони мина 47 пати на терените, и притоа забележа фантастичен скор од 19 погодоци. Мина краток период во Ескисехиспор, каде забележа само еден настап, па потоа исто краток период мина во Нафта Лендава, каде одигра само 17 натпревари, додека пак славата ја забележува во Марибор, веќе три години нашиот Ибраими е најдобар фудбалер на најдобриот словенечки тим.
Во дресот на Марибор, по потпишувањето за овој тим од пред две сезони, одигра 56 натпревари, а притоа постигна 17 погодоци.
Познато е дека за нашиот најдобар фудбалер јавно интерес пријавија големи фудбалски гиганти од типот на Париз Сент Жермен, Њукасл, Саутепмтон… Прашање е само на време кога Ибраими ќе замине во поголем клуб.
За неговите настапи во Македонскиот национален дрес нема потреба да се коментира, македонските фанови добро знаат за неговите борбени игри за нашиот национален тим.
Епа Ибра… СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!
п.с. Наместо торта, од него очекуваме погодоци против Велс и Шкотска.Роден е на 29-ти август, 1988-мата година, во Тетово, каде и ги започна своите фудбалски почетоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: