Денеска се одбележува Меѓународниот ден на архивите

Во сите земји во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на архивите, што има за цел да ја подигне свеста на јавноста за архивскиот материјал, за неговото чување и заштитата, за подобрувањето на пристапот до него со истовремена заштита на личните податоци, промовирање на ретките документи и создавање подобра слика за архивските институции и нивна отвореност на глобално ниво.Одбележувањето дава можност архивите од целиот свет да ја промовираат нивната улога како институции, да ја промовираат професијата на архивистите и значењето на архивските документи, како колективна меморија и нивната достапност за сите граѓани.
Оваа година Меѓународниот ден на архивите се одбележува по деветти пат, а првпат е прославен во 2008 година. Мотото на годинашниот Меѓународен архивски ден е “Архиви, хармонија и пријателство”.
Меѓународниот ден на архивите како празник на архивите и архивистите низ целиот свет е прифатен на Годишното генерално собрание на Меѓународниот архивски совет (неутрална и невладина организација, во која членуваат архиви од 199 држави и територии), одржано во Квебек, Канада во 2008 година.
Датумот има симболично значење, бидејќи на 9 јуни во 1948 година е основан Меѓународниот архивски совет под покровителство на УНЕСКО.
Државниот архив на Република Македонија како национален ден на архивите го празнува 1 април, денот на кој во 1951 година е формирана оваа институција, а во последните години го одбележува и 9 јуни, со пригодни советувања за архивските работници, презентирање на законската регулатива за архивско работење, изложби и слично.
Државниот архив на Република Македонија оваа година прослави 65 години од своето постоење.
– Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а Архивот за Македонија и за македонскиот народ претставува изворно сведоштво за постоењето, за опстојувањето на нашиот национален идентитет, за борбата на нашиот народ за создавање на своја национална држава и за континуитетот на македонската политичка, државно-правна и национална мисла. Една од суштинските цели на дејноста на Државниот архив на Република Македонија е да го презема и трајно да го чува јавниот архивски материјал и да обезбедува услови за негово непречено користење во јавноста, се вели во соопштението од Државниот архив на Република Мкаедонија.
Во претстојниот период Архивот планира интензивирање на преземањата на архивски и мемоарски материјал, по пат на откуп, подарок и депозит од приватни лица, носители на општествено-политички функции во Република Македонија, а во исто време се прават напори да се стапи во контакт со Македонците иселени во дијаспората, заради преземање материјал со кои ќе се фрли дополнителна светлина на животот и дејствувањето на нашата политичка и економска емиграција во светот.
Како посебна активност се предвидува валоризација на целокупниот архивски материјал согласно со Законот за прогласување на културно наследство од особено значење во Република Македонија и ќе се пристапи кон избор на архивски фондови и збирки кои ќе се стекнат со статус на културно наследство.Одбележувањето дава можност архивите од целиот свет да ја промовираат нивната улога како институции, да ја промовираат професијата на архивистите и

Пронајдете не на следниве мрежи: