Добро девојко, ШТО ПРАВИШ СО НОГАТА?

Факт е дека популарноста на помагалата за правење селфи е зголемена до тој степен, што веќе тие се забрануваат во музеите, па дури и на фестивалите на кои се нарекуваат како „помагачи на нарцисоидноста“, пренесува Cosmopolitan.Сепак, американскиот бренд за обувки со името Миз Муз, не чекаше многу долго за да одговори со овој урнебесен производ, бидејќи стаповите не се потребни кога имаме нозе?!
Начинот на употреба е едноставен – делот од обувките околу прстите е направен за да можете да го вметнете мобилниот телефон таму и потребна е малку повеќе еластичност да се направи селфи. Но, тоа не е сѐ! За работата да биде уште попрактична, фотографијата можете да ја направите со палецот од ногата.
Доколку за момент се занемари дека купувањето на овие обувки може да значи и карта за лудница, постојат и неколку маани…

-За да направите одлично селфи, потребни ви се десет години одење на балет, гимнастика или јога… или било кој спорт, кој ќе ви овозможи кревање на ногата на идеалната висина.
-Тоа не е сѐ! Подгответе се да ја држите ногата во иста позиција во наредните 40-тина селфиња во совршена поза, бидејќи никој не сака матни фотографии. Инаку, на ист начин можете да го забрзате својот пат кон инвалидската количка.
– За да користите обувки за селфи, внимавате да не облечете сукња од очигледни причини.
Без разлика дали на некои ова им претставува шега, обувките можат да се нарачаат на страниците на miz-mooz.com и тоа за 199 долари. 
Сепак, американскиот бренд за обувки со името Миз Муз, не чекаше многу долго за да одговори со овој урнебесен производ, бидејќи стаповите не се пот

Пронајдете не на следниве мрежи: