Должината на рацете го ОТКРИВА карактерот. Проценете сами!

Loading...

Освен должината на самата подлактица, обликот на дланките може да открие дали сте перфекционисти или сте личност насочена кон решaвање на проблеми, а важна е должината на прстите.Според древно верување, рацете ни значат многу повеќе отколку што мислиме, а веќе и самиот нивен изглед, односно гoлемина, можат многу да откријат за карактерот на човекот.
Сѐ што треба да направите е да ја поставите дланката на спротивната рака со раширени прсти, така што палецот се наоѓа на внатрешната страна на лактот, додека сo средниот прст треба да се обидете да ја досегнете дланката. Ако не успеете во тоа, тогаш вашите раце се мали. Притоа, не се мисли на вкупната должина на рацете, туку на збирната големина на дланките и прстите.
Мали раце (лева страна од фотографијата)
Луѓето со кратки раце се склони кон преземањето ризици, а често завршуваат со драматични односи. Иако самите не се такви, тоа можат да го разбудат кај луѓето со „тврдиот“ пристап и ставовите. Обично се со авантуристичен дух и во својот пристап кон проблемите се практични. Исто така, водени се од логиката и сакаат директен пристап, без кружење.

Големи раце (десна страна од фотографијата)
Оние коишто можат да го досегнат дното на дланката со средниот прст, имаат големи раце. Тие се обично перфекционисти со голема концентрација и обрнуваат внимание на најситните детали, што може често да ги заморува. Исто така, големите раце укажуваат на поединци кои емоционално се чувствителни. Импулсивни се, склони да им угодуваат на другите и притоа се занемаруваат себеси.
Облик на дланките
Ако вашите дланки се во облик на квадрат, односно нивната должина и ширина отприлика се слични, тоа значи дека имате вродена смисла за математика. Логички ги решавате проблемите и често ја занемарувате интуицијата.
Луѓето со дланки во облик на правоаголник, односно кај оние кадешто дланката е подолга отколку широка, обично се интуитивни и брзо ги решаваат проблемите.
Ако имате поголеми раце со дланки во облик на квадрат, тогаш сте чувствителни, дружељубиви и авантуристички настроени.
Должина на прстите
Луѓето со пократки прсти обично се поставуваат доминантно и се родени водачи.
Луѓето со подолги прсти најчесто се љубопитни, интелигентни и склони кон анализирање.Според древно верување, рацете ни значат многу повеќе отколку што мислиме, а веќе и самиот нивен изглед, односно гoлемина, можат многу да откријат

loading...
Loading...