Домашен зимски карамел за само 10 минути

За многу луѓе, тешко е да се замисли исхраната без десертите. Филозофот Сенека го споменува карамелот уште 65 години пред Исус, споменувајќи го неповторливото уживање кое го добивавме кога го конзумираме овој десерт.Денес, карамелот е дел од многу десерти, додавајќи им специфичен и сладок вкус. Иако во маркетите и специјализираните продавници можат да се најде веќе подготвен карамел, сепак не постои подобар вкус од домашно подготвениот карамел. За тоа се потребни само 10 минути.
Потребни состојки:
200 гр. шеќер
2 лажици вода
20 гр. путер
200 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
1) Потребно е шеќерот и водата да ги загреете на умерена температура. Мешајте постојано додека не се карамелизира шеќерот, но внимавајте да добие црвеникава боја и да нема грутки.
2) Потоа садот тргнете го на страна и додадете го путерот. Измешајте и вратете го садот на оган.
3) Мешајте убаво и додадете ја павлаката, но внимавајте да биде малку стоплена или барем на собна температура. Мешајте убаво околу 5 минути.
4) Карамелот е готов. Ставете го во стаклен сад и почекајте да се олади. Тогаш станува и погуст.Денес, карамелот е дел од многу десерти, додавајќи им специфичен и сладок вкус. Иако во маркетите и специјализираните продавници можат да се најде

Пронајдете не на следниве мрежи: