Драги мамо и тато, на кампување ни е супер…

На кампување ни е супер. Чичко Перо нѐ натера да ви пишеме за во случај да сте ја виделе поплавата на телевизија…Драги мамо и тато,
На кампување ни е супер. Чичко Перо нѐ натера да ви пишеме за во случај да сте ја виделе поплавата на телевизија. Ние сме добрo.
Водата однесе само еден шатор и две вреќи за спиење. За среќа, никој не се удави бидејќи бевме во планината, го баравме Иван.
Е да, кажете им на неговите родители дека на тој е добро. Не може сам да им пише, скршена му е раката. Инаку јас се возев во еден од спасувачките џипови. Баш беше супер.
Иван немаше никогаш да го најдеме да не беше невремето со грмотевици. Чичко Перо му викаше на Иван зошто не кажал на никого дека ќе оди да шета.
Иван му рече дека му кажал на вечерата, ама чичко Перо веројатно не го слушнал затоа што беше пијан. А знаете ли дека ако ставите боца со плин во огин ќе експлодира? Но сепак, влажните дрва не горат. Само шаторот. И моите панталони, ама ако, имам бермуди.
Дуле баш е смешен без коса. Ние се враќаме назад во недела, ако чичко Перо ја поправи колата до тогаш. Не беше тој крив што излетавме од патот, кочниците работеа кога тргнавме од дома.
Чичко Перо вика дека колата е толку стара што не е чудно зошто е валкана цело време, а и тоа што е гужва е нормално кога седиме 10 деца. Убаво е што ни дозволува да го држиме воланот од време на време, да може он да одмори очи.
Бидејќи Никола е најстар, чичко Перо го учи да вози. Ама само во планините, таму има најмалку сообраќај. Повремено можеш да видиш само тешки камиони, коли воопшто нема.
Сабајле сите отидоа да се бањаат, ама мене чичко Перо не ме пушти бидејќи не знам да пливам, па ме пренесе со неговиот чамец преку езерото. Баш беше убаво. Сѐ уште се гледаат дрва под водата, од поплавата.
Чичко Перо е супер, никогаш не ни вика. Дури ни сабајле кога ги скинавме појасите за спасување не се налути. Бидејќи мора да ја поправи колата ние се трудиме да не му сметаме, па се криеме по цел ден и никогаш не знае каде сме.
На почетокот тоа малце му сметаше, ама сега се навикна. Денес ни кажа на сите дека сме го поминале основниот курс за давање прва помош, кога се давеше Јована и Гоце кога си го исече прстот.
Јас и Дарко повраќавме, ама чичко Перо рече дека знае зошто, па да не се секираме.
Јас мислам дека е од пилешкото што ми го дадовте од дома, а заборавивме да го изедемe веднаш. Ни текна на него кога го видовме кучето како го јаде.
Сега морам да одам, треба да одиме до селото да украдеме поштенски марки за писмата, немаме пари. Не се секирајте за ништо, јас сум добро.
П.С. Чичко Перо ми рече да ве прашам дали сум примил вакцина против тетанус? Што е тоа тетанус?Драги мамо и тато,
На кампување ни е супер. Чичко Перо нѐ натера да ви пишеме за во случај да сте ја виделе поплавата на телевизија. Ние см

Пронајдете не на следниве мрежи: