Другарите на исчезнатата Ивана, откриле неворојатни детали…

Ивана Подрашиќ (14) се уште не им се јавила на родителите ниту пак се вратила дома, а полицијата сослушала 10 нејзини пријатели.- Сослушани се десет другари на Ивана кои биле во контакт со неа во текот на 25-те дена од кога се води како исчезната. Тие за полицијата изјавиле дека Ивана сигурно се наоѓа во Белград бидејќи не им рекла дека има намера да оди надвор од градот. Нормално, и со нив го прекинала контактот, кажува извор во полицијата.
Ивана Подрашиќ, ученичка во седмиот клас во  основно училиште, е исчезната веќе 25 дена.
– Ќе се врати, но не знам кога. Не се јавува, нема ништо ново. Само полицијата дополнително ни се јавува поради текстовите во весниците, како ние нешто да знаеме – вели таткото на Ивана, Драго Подрашиќ.
Ивана си отишла од дома на 29. јули и од тогаш никој ништо не знае за неа. Не им се јавила ниту на родителите, ниту на нејзината сестра и брат. Нејзиното исчезнување во полиција е пријавено дури на 9ти август, повеќе од 10 дена откако си заминала од дома.

 
Никој не ја знае вистинската причина за нејзиното исчезнување. Родителите не изгледаат премногу загрижени. Мајката и таткото се убедени дека таа е жива и здрава, и дека некаде се крие, исплашена поради медиумската врева која се крена околу неа.
Полицијата не соопштува детали од истрагата. Неофицијално се дознава дека другарите на Ивана раскажале дека таа се дружела со сомнителни момци кои користеле дрога и алкохол. Се движеле по зафрлени и темни паркови, пиеле и пушеле марихуана.
Ивана има историја на бегање од дома, а центарот за социјална работа во Земун го следи ова сиромашно семејство уште од 2006 година. – Сослушани се десет другари на Ивана кои биле во контакт со неа во текот на 25-те дена од кога се води како исчезната. Тие за полицијата изјавиле

Пронајдете не на следниве мрежи: