Државната помош за земјоделците гарантира фер цена

Земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Откако производителите на пченица побараа повисоки цени од оние кои ги нудат мелничарите, надлежните донесоа одлука да интервенираат на пазарот.Секој земјоделец што го пријавил производството на пченица ќе добие дополнителна субвенција од по 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм!
Ако се има предвид дека земјоделците бараа цената да не биде пониска од 11 денари за килограм, а мелничарите сметаат дека цената не може да биде повисока од 8 денари, државата покажа одговорност и вети поддршка за производителите.
„Ќе се обидеме земјоделците да добијат 10 до 11 денари за пченицата, зависно од квалитетот. Ова не е некоја добивка, но е доволно за одржливо производство и за засејување на површините догодина“ – вели министерот за земјоделство, Михаил Цветков.
Цветков порачува дека Министерството ќе интервенира и со помош во делот на складирањето на пченицата, со што ќе се намалат количините на пазарот и ќе се стимулираат повисоки цени.
„Обезбедивме 80 отсто субвенции за складирање 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Земјоделците ќе треба да плаќаат само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон“ – објаснува министерот.
 
Зошто мелничарите не даваат повеќе од 8 денари?
Мелничарите велат дека разумна цена за домашното лебно жито од годинешната реколта е најмногу 8 денари за килограм. Сметаат дека на овој начин ќе можат да произведат брашно со кое би им конкурирале на производителите од соседството. Во регионот ќе има повисоки приноси, што значи поголема понуда и ниски цени на берзите. Од групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија велат:
„Моменталните проблеми со кои се соочуваат компаниите се резултат на договорените цени и на несоодветните решенија во изминатиот период. Единствен критериум е пазарната цена, а таа е утврдена на берзата во Нови Сад“ – се вели во заклучоците од последниот состанок.
Годинава се очекуваат рекордни приноси во соседна Србија, како најголем производител на пченица во регионот, што создава притисок за пониски откупни цени.  Увозот не може да се ограничи, бидејќи тоа е во спротивност со договорите во рамките на ЦЕФТА.
Месечно во Македонија се трошат околу 11.000 тони брашно, односно 15.000 тони пченица. Годишно се увезуваат  околу 50 илјади тони, најголем дел од Србија.
 
Неделна откупна цена
Почнаа да важат и новите законски измени околу продажбата. Со нив се предвидува неделна откупна цена на земјоделските производи.
„Врз основа на законот, откупувачите мора да ја истакнуваат неделната цена за одреден земјоделски производ. На пример, ако денес цената на откуп на лубеница изнесува 6 денари по килограм, таа не смее да се менува во наредните седум дена. Тоа е најниската загарантирана неделна откупна цена“ – вели директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуноски.
Инспекторатот најавува засилени контроли, со цел да се стави ред во продажбата на земјоделските производи.
 
Какви се очекувањата за годинава?
Годинава и во Македонија се очекуваат рекордни приноси. Заседени се 80 илјади хектари, 10 илјади повеќе од минатата реколта. Се очекува да се добијат и над 240.000 тони лебно жито. Ова би значело дека земјава може да покрие 80 проценти од потребите со сопствено производство.  Во најголемата житница во земјава – Пелагонија, житото роди по 5.000 тони од хектар, нешто што одамна се нема случено.
Од друга стана, пченицата годинава е се одличен квалитет, па оттука и инсистирањето на земјоделците за откупна цена од 11 денари.
„Сега е време да престане увозот на евтино српско брашно за да се откупи домашната пченица“ – вели претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.
Квалитетот се должи на сè поголемата употреба на сертифициран семенски материјал, а ова придонесува за повисоки приноси. Во моментов, од 30 до 40 проценти од површините се посеани со квалитетно семе.
„Онаму каде што се употребува сертифициран семенски материјал се гледа дека посевите се здрави  и нема болести. На тие места приносите ќе бидат зголемени за најмалку 30 проценти“ – вели претседателот на Агробизнис комората, Огнен Оровчанец.
Од 2018-та година нема да се даваат субвенции за пченица од несертифициран семенски материјал.
„Имаме сѐ повеќе нови сорти кои даваат поголеми приноси. Затоа, бараме да се направат опитни полиња во различни региони зашто се зголемува бројот на сорти пченица и јачмен кои даваат високи приноси, но сите не се погодни за климата на одредени подрачја“ – објаснува претседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Ефтим Шаклев.
Просечниот принос во земјава е околу 3 тони од хектар. Новите селектирани домашни сорти пченица имаат генетски потенцијал и од 18 тони по хектар. Оттука, државата со по 12 илјади денари по хектар ги поддржува земјоделците кои користат сертифициран семенски материјал.Секој земјоделец што го пријавил производството на пченица ќе добие дополнителна субвенција од по 6.000 денари за хектар или по два денара за килог

Пронајдете не на следниве мрежи: