ДУЊАТА Е ВИТАМИНСКА БОМБА создадена како силен лек за овие болести

Дуњата (Cydonia oblonga) зрее од октомври до декември и е вистинска ризница на корисни материи. Златножолтото овошје потекнува од југозападна Азија, а во старите времиња се сметала за симбол на плодност и симбол на љубов и среќа.Во Стара Грција ги јаделе младенците пред венчавката, додека во Рим, поради опојниот мирис, била извор на етерични масла за парфеми.
Есенското овошје дуња е вистинска витаминска бомба. Освен минималните калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и супстанци.
Од витамини најмногу има витамин Ц, но и голема количина на каротен (провитамин А), витамин Б1. Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.
Семките од дуњата содржат дури 15% масло и голема количина од важното соединение амигдалин или витамин Б17, кој има антиканцероген ефект. Семето е богато и со масти, танин, пектин, шеќер, јаболкова киселина.
Поради сето тоа дуњата е исклучително лековито овошје.
Лековити се и плодот и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот поволно делува врз функцијата на цревата и спречува инфективни болести.
Сокот од дуња зготвен  со иста количина на шеќер, лечи кашлица, астма и акутна дијареа.
Печена или варена дуња се препорачува за воспаление на желудникот и цревната слузокожа, но исто така и за лекување на анемија.
Чај од цветовите на дуњата помага при смирување на кашлица, а чај од семето делува смирувачки, ја елиминира несоницата ,како и лошиот здив.
Не се конзумираат сурови, но може да се варат или печат, па обично се користат за компот, желе, мармалад и овошни кашички.

 
Французите со векови прават сирење од дуња, така што 2 килограми дуњи се варат со кората додека целосно не омекнат.
Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат. Добиената смеса се мери, за да се додаде вистинската количина на шеќер (на 1 килограм и половина од пирето од дуњи се додава килограм шеќер).
Сето тоа повторно се вари на тивок оган 45 минути со непрестанато мешање.
Веднаш по варењето ситењето од дуња се става во тавче кое одговара, плиток стаклен сад или во некоја поголема чинија.
Кога ќе се излади, треба да го исечете на коцки, да го извалкате во шеќер во прав и да го оставите да стои на темно и суво место.
Ова сирење е силен извор на енергија, а може да се зема и како лек за подобрување на варењето. Не е препорачлив единствено за дијабетичари и дебели луѓе.
Чај од плодот
За да подготвите чај од плодот на дуња, овошјето добро измијте го, исчистете го и пресечете го на 4 дела. Отстранете ги семките и тврдиот дел околу нив, а месниот дел исечете го на парчиња и веднаш ставете ги во литар вода, за да не ја променат бојата.
Варете на тивок оган од 15 до 20 минути, а потоа оставете да се олади. Процедете го и пијте го во текот на целиот ден. Овој чај благотворно делувана при тешкотии со дишењето, ја смирува кашлицата, настинката и ги ублажува симптомите на бронхитис.
За брчки и испукани усни
За лице без брчки и убаво негувани усни народната медицина ги препорачува семките од дуња.
Препаратот се прави така што една лажица семки ситно се сецкаат а потоа се ставаат во сад и се прелеваат со две лажички зовриена вода.
Добро измешаната смеса се остава да отстои 10 минути и со неа се мачкаат испуканите усни и местата на лицето со истакнати брчки. За да се постигне најдобар ефект, терапијата мора да биде редовна и долготрајна.
За брчки може да се подготви и лосион од дуња. За овој препарат потребно е 200 гр кора од дуња која се чува две недели во 3 децилитри појака ракија, по можност во комиње.
После тоа ракијата се процедува, се става во 3 шишиња и херметички се затвора. Со припремениот лосион деловите на лицето со брчки се мачкаат 2 пати дневно. Во Стара Грција ги јаделе младенците пред венчавката, додека во Рим, поради опојниот мирис, била извор на етерични масла за парфеми.
Есенск

Пронајдете не на следниве мрежи: