Е ,боли, многу боли, и мене ме боли…и не престанува…

Ни се обракале често со презир,е доста веке со вашиот геноцид,што сакате?Станови ви дадовме,работа ви дадовме,што уште сакате? Тоа беа често кажани зборови,од одредени луге,кои не можам да ви опишам колку болат…Егејци,егејци…како да сме марсовци.Не дај боже само за миг да ја почувствуваат тежината која ја носиме,товарот,болката.
Затоа и пишувам,и секој треба да пишува,зашто ова што го пишуваме е историја…историја која треба да се знае,памети.Историја која не дај боже да се повтори.
Прашајте ги само тие возрасни луге,а некогаш невини деца,кои морале да заминат од родните огништа,домови,дворови….
Прашајте ги како се чувствувале кога се делеле од своите мајки,татковци….од својата рода.
Прашајте ги како ги минувале деновите бегајки боси и гладни од бомбардирањата…
 
Прашајте ги колку пати на ден јаделе и што јаделе…
Како им било да растат по туги држави,домови…Како пораснале без мајчинска љубов…Како заспивале без мајчинска прегратка и бакнеж…
Како некои од нив ја примиле трагичната вест за смртта на своите родители…кои загинаа во граганската војна…
Кој ги утешил во тие моменти…
Како продолиле понатака со својот живот…сами ,без никој да им подаде рака.
Како сами го граделе својот свет…без никој околу нив.
Како сами се снаогале…и во добро и во лошо.
Со кого ја делеле радоста и тагата…убавите мигови и тажните.
Замислете си како се чувствувале кога им забранија да се вратат назад,дома…
Каква болка е таа…можете ли за миг да ја осетите…не дај боже.
Е, како ли им било кога после 50 години  ги пуштија да го видат родното место,од каде заминале,ги протерале како деца…колку ли солзи се пролеале,колку срца застанале…
 
Како ли им било да се чувствуваат туги на своето…одродени…
Нивната борба никогаш и не престана…сеуште трае…
Сеуште ја носат болката за родната земја…
Гробовите каде  ли ке им бидат..далеку од дома…и на тој свет нема да се со своите најмили…
 
Е ,боли, многу боли, и мене ме боли…и не престанува…
И денес кога ке пронајдам мој роднина,се радувам како мало дете…
Не му посакувам на никој да ја доживее оваа страшна ,многу болна судбина.
Затоа сите вие пред да не навредите,размислете добро .
 
Сполајму на бога свеста кај македонскиот народ расте.Историјата се пишува,чита,учи.Ние сме сите МАКЕДОНЦИ…било да сме ПИРИНЦИ,ЕГЕЈЦИ ВАРДАРЦИ.Мегу нас нема делба.Сите сме едно.А ТОА ЕДНО Е МАКЕДОНИЈА.Не дај боже само за миг да ја почувствуваат тежината која ја носиме,товарот,болката.
Затоа и пишувам,и секој треба да пишува,зашто ов

Пронајдете не на следниве мрежи: