Ново истражување покажа дека храбрите животни одлуки не треба да ги донесувате кога желудникот ви е полн и дека состојбата на глад ја зголемува способноста за носење на долгорочни подобри одлуки. Научници од холандскиот Универзитет во Утрехт спроведоа 3 посебни експерименти на групи студенти, како би ги испитале дали гладта ќе доведе до побитни одлуки. Во сите експерименти студентите биле поделени во 2 групи – ситост и глад. Гладната група десет часа пред тестот не јадела ништо, додека ситата добила раскошен доручек на кој испитаниците можеле да јадат и пијат колку што сакаат.
Во првите два експерименти, тие играле игри со карти, која ги пресликува комплексните процеси на носење одлуки во животот, вклучувајќи проценка на ризикот и награда. Гладната група покажала подобри резултати од сите, подразбирајќи подобра форма на долгорочни придобивки во однос на краткорочните добивки.
Тие резултати, според истражувањата објавени во списанието „PLOS One“, „покажуваат дека луѓето кои се гладни подобро донесуваат комплексни одлуки од ситите личности и затоа ги обезбедуваат првите докази дека состојбата на глад го подобрува, а не влошува носењето добри одлуки“.
Во третиот експеримент, на учесниците им беа поставени низа прашања, во кои од нив се бара да изберат помеѓу мал износ на пари веднаш и поголем износ во иднина. Гладните почесто бирале поголем износ во иднината, а ситите ги сакале парите веднаш.
„Резултатите покажуваат дека гладта потенцира комплексни одлуки со неизвесен исход, во кој гладните, поради долгорочната добивка успеале да се спротивстават на изборот, кој веднаш би им донел помала награда“, напишале авторите на истражувањата.
„Гладните се чини, повеќе се потпираат на инстинктите кои помагаат во комплексните одлуки со неизвесен исход“, велат авторите на истражувањето и додаваат дека гладта може да ја зголеми импулсивноста, „меѓутоа таа не е нужно лоша“. Научници од холандскиот Универзитет во Утрехт спроведоа 3 посебни експерименти на групи студенти, како би ги испитале дали гладта ќе доведе до поби



