Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)
Планети: Сатурн
Елемент: земја
Главна особина: затвореност
Квалитети: неисквареност
Недостаток: себичност
Боја: темносива,црна,кафеава
Скапоцен камен: хризолит
Растение: чичак
Животно: Зебра
Сака: Традиција и штедење
Не сака: расипништво,неодговорност
Животен век: Повеќе од 80 години
Родените во овој знак се упорни,сериозни,реалисти со цврст карактер.По природа се затворени, имаат добар карактер, одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста.Педантни се,се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични,себични,неблагодарни и ладни.Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени.
Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца.Тешко се приврзуваат,но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат.Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција.
Deli – Водолија (21.01 – 18.02)
Планети: Уран,Сатурн
Елемент: воздух
Главна особина: друштвеност
Квалитети: независност
Недостаток: бунтовност
Боја: тиркизна,плава
Скапоцен камен: оникс
Растение: папрат,лишај
Животно: Големи птици
Сака: Дружење
Не сака: норми и неправди
Животен век: Повеќе од 81 година
Личностите родени во овој знак се хумани,чесни и посветени на колективните интереси.Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа.Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата.Како пријатели се искрени и солидарни.Лоши карактеристики на овој знак се користољубието,завидливоста и снобизмот.Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања.Можат да бидат и осамени,превртливи и искварени.Тие се вистински борци за правда.
Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината.Во работата се практични и материјалисти.Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат,брзоплето да влезат во некоја работа.Им одговара работа во која ќе имаат потполна слобода.Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сe друго, најважна им е слободата.
Dagim – Риби (19.02 – 20.03)
Планети: Нептун,Јупитер
Елемент: вода
Главна особина: романтичност
Квалитети: склоност кон уметност
Недостаток: злопамтило
Боја: виолетова
Скапоцен камен: јаспис
Растение: врба,бадем
Животно: сите риби
Сака: природа,уметност
Не сака: насилство,оружје
Животен век: Повеќе од 83 години
Личностите родени во овој знак се интуитивни,привлечни, емотивни и инстинктивни.Имаат дарба за уметност и мистицизам. Тие се пожртвувани борци за правда. Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти.Својата духовност ја пренесуваат на околината. По природа се нестабилни,променливи и плашливи. Брзо го менуваат расположението,неретко се посесивни,повлечени и површни. Шармантни се и друштвени,сакаат да ги забавуваат другите.
Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат.