Според британскиот весник „Дејли мејл“, Европската унија преку тајни летови и доставувала пари на Грција со цел да ја спаси од банкрот. Парите кои биле доставувани до Грција, се пренесувале со помош на големи авинои „Боинг“.
Летовите биле карго, а авионите го носле знакот Маерск и биле бојадисани со боите на грчкото национално знаме.
„Доставките почнале во 2011 година и се спроведувале до Атина и до Ларнака. Тие не биле ништо друго освен таен воздушен мост“, додава весникот.
„Целта на мисијата не била спасување на луѓе, а летовите не наликувале на познатите „воздушни мостови“ до Берлин по војната, туку нивна задача била да се заштити и да продолжи економскиот експеримент на една мултинационална валута. Тоа биле тазе испечатени книжни банкноти, кои требало да стигнат до Грција со цел земјата да може да застане на нозе“, пишува „Дејли мејл“.
Целата акција за спасување на Грција на овој начин е поради тоа што земјата буквално останала без пари во јуни 2011-та година. „Бил активиран таен план, со тоа што Грците повлекувале по една до две милијарди евра на ден од банките. Грција требала да испраќа воени авиони до Италија, каде ги преземала испечатените банкноти“, изјави истиот функционер.
До јуни 2012 година потребата за книжни банкноти во Грција тројно се зголемила, а целта на операцијата не била само да се одржи социјалната стабилност во земјата, туку и да се заштити еврото.
„Европските партнери беа загрижени…воздушниот мост беше првата етапа од мисијата, следуваа десетици, ако не и стотици превози со товарни камиони и бродови, со кои се пренесувале новите книжни банкноти до континенталниот дел на Грција и до нејзините острови“, пишува весникот.
Оваа тајна операција се одвивала без никој да забележи, вредноста на префрлените пари двојно се зголемила од 2009 до 2011 година.
До летото 2012 година вкупната сума изнесувала 48 милијарди евра, од кои последните десет милијарди евра, а можеби и повеќе во земјата стигнале со помош на тие тајни летови, тврди британскиот весник.Парите кои биле доставувани до Грција, се пренесувале со помош на големи авинои „Боинг“.
Летовите биле карго, а авионите