Фантастична заработка за Перо Антиќ во НБА лигата

Нашиот кошаркарски интернационалец, Перо Антиќ, кој во следната сезона ќе настапува за НБА тимот, Атланта, ќе има одлична заработка од 2,5 милиони долари во следните две сезони.„Хипсворлд“ пренесува дека македонскиот интернационалец од редовите на Атланта годишно ќе има заработка од 1, 25 милиони долари.
Антиќ 1,2 милиони долари ќе заработи во првата година од договорот, додека пак 1,25 милиони долари би ги добил во втората година, кои не се гарантирани.
Сепак, ова се податоци објавени на претходно наведениот сајт, кој објавува плати на кошаркарите кои играат во најпрестижната кошаркарска лига во светот, но сеуште од Атланта не објавија официјални детали од договорот со Перо Антиќ.
„Антиќ е вешт и сестран висок играч кој ќе додаде квалитет под кошовите. Се совпаѓа добро со она што ние градиме и многу сме возбудени што го имаме во тимот“ изјави генералниот менаџер на Атланта, Дени Фери.„Хипсворлд“ пренесува дека македонскиот интернационалец од редовите на Атланта годишно ќе има заработка од

Пронајдете не на следниве мрежи: