„Феникс од пепелта. Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“

Во Музејот на град Скопје, вечеравечер /15.01.2016 година (петок)/ градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, заменик-директорот на Бирото за култура на Град Варшава, Магожата Наимска и директорот на Музејот Љубен Тевдовски, ја отворија изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“.-Се надевам дека поставувањето на оваа изложба ќе биде повод и почеток за започнување на посеризона и попродлабочена соработка на полето на културата меѓу Градот Скопје и Градот Варшава, како и воопшто, почеток на посеопфатна соработка меѓу нашите два двата града и воопшто меѓу двете држави. Оваа изложба симболично поврзува двa главни града на двете држави, градот Скопје, Република Македонија и градот Варшава, Република Полска, кои во текот на 20–тиот век ја доживеале судбината на разрушување, уништување и повторно издигање, обнова и изградба. Иако причините на уништувањето на нашите два града се од различна природи, при тоа градот Варшава е уништен во текот на Втората светска војна, а градот Скопје во катастрофалниот земјотрес во 19963-тата година; сепак и двата града успеваат како два Феникси да се воздигнат од пепелта и рушевините ида продолжат да бидат административни, образовни и културни центар на своите држави. Би сакал да и се заблагодарам на Амбасадата на Република Полска во Македонија на чија  иницијатива произлезе поставувањето на вечерашнава изложба, како и веќе остварената средба со нашите колеги од Градот Варшава. При тоа, сакам да нагласам и да напоменам дека, покрај Музејот на град Скопје и другите културни установи на Градот Скопје, како што се Детскиот културен центар „Карпош“, Дом на културата „Кочо-Рацин“, Конгресен центар „Александар Македонски“, веќе имаат воспоставено повеќегодишна соработка со уметници и уметнички ансамбли од Република Полска, Полското здружение „Клуб Полонија“, како и со Амбасадата на Република Полска во Македонија, соработка за којашто се надевам дека и во иднина ќе продолжи и ќе се зацврсти- истакна градоначалникот Трајановски.

Изложбата содржи 36 паноа на коишто преку документарни фотографии и текст можеме да ја проследиме историјата на градот Варшава низ следните периоди:
Предвоен период (до 1939 г.), Воен период (1940-1945), Период на Бирото за обнова на Варшава и Социјалистичкиот период (повоена Варшава до 1955 г.). Изложбата завршува со една прекрасна панорама на Варшава денес.
Посетителите ќе имаат можност на изложбата да проследат и документарен филм кој визуелно ќе ги запознае со содржината на изложбата. Преку подвижните слики, посетителите ќе можат одблизу да ја доживеат историјата на Варшава во едно драматично историско време за градот кој од пепелта на безмилосната војна, се издигнал како Феникс.
Изложбата којашто е плод на соработка помеѓу Амбасадата на Република Полска во Република Македонија и Музејот на Град Скопје, ќе биде отворена до 5 февруари.-Се надевам дека поставувањето на оваа изложба ќе биде повод и почеток за започнување на посеризона и попродлабочена соработка на полето на ку

Пронајдете не на следниве мрежи: