Со освоени осум поени, Интернационалниот мајстор Филип Панчевски е победник на традиционалниот „Божиќен шаховски турнир“ – Карпош 2016, кој се одржа денеска во хотелот „Гранит“. На втората позиција, со седум поени заврши Зоран Новоселски од Србија, а третото место, со седум поени го освои Фиде мајсторот Дејан Динев.На четвртата позиција, со рејтинг 2432 се најде Дејан Стојановски, а петтото место му припадна на Велемајсторот Драгољуб Јачимовиќ од Македонија. Со освоени 6½ поени, Фиде мајсторот Никола Николовски, заслужено се најде на шестата позиција, додека Србинот Борољуб Златановиќ го освои седмото место. За осмата позиција и повисок рејтинг (2283), се избори Роберт Велески. Девеветтата и десеттата позиција им припадна на гостите од соседството, односно на Љубомир Биљаниќ од Србија и на Бугаринот Љубомир Данов.
Во рамките на оваа спортска манифестација беа доделени и специјални награди за најдобри шахисти по категории. Како најдобра шахистка се пласираше Србинката Маја Величковски-Нејковиќ, а во категоријата млад шахист до 18 години, неприкосновен беше Тони Лазов од Македонија. Кај ветераните преку 65 години, брилираше Зоран Мукаетов, додека Аднан Ајрула, со одлична игра се истакна како најдобар шахист со рејтинг до 2100. Томислав Голубовиќ од Македонија, со освоени 5 ½ поени беше најдобар шахист со рејтинг до 1900.
Освен признанија, најдобрите шахисти освоија и парични награди. Финансиската конструкција за „Божиќниот шаховски турнир“ ја обезбеди општина Карпош, а овогодинешната спортска манифестација ќе биде запаметена и по одличната организација и беспрекорните услови за кои се погрижи шаховски клуб „Гамбит Ассеко СЕЕ“.На четвртата позиција, со рејтинг 2432 се најде Дејан Стојановски, а петтото место му припадна на Велемајсторот Драгољуб Јачимовиќ од Македонија. С