Филип Петровски: Да се потсетиме на нападите на македонската државност кои траат во континуитет 25 години

63 Седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 14 Март 1997, информација за актуелната состојба предизвикана со протестите во врска со примената на Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски”во Скопје и за начините и формите за унапредување на меѓуетничките односи во рамките на Уставот на Р. МакедонијаДами и господа,
 
денеска е, ако не се лажам, дваесет и седмиот ден од студентските протести и единаесетиот ден од штрајкот со глад на дел од организациониот одбор. Во тој штрајк со глад сум и јас, така што ќе ми простите ако извесна слабост на моето лице се погледне или примети. Не затоа што говорам пред Вас како голем дом, како многу луѓе, туку затоа што штрајкувам со глад 11 дена.
 
Ние очекувавме дека ќе говориме меѓу првите, па потоа дека ќе се јават 60, 80 луѓе кои што ќе не судат, нели такво сценарио предвидувавме, меѓутоа сеуште не е доцна откако ние ќе проговориме, говорам ние, затоа што говорам во името на сите што се надвор во Шаторот. Не е доцна да се јават повторно дискутанти кои што ќе не разобличат и кои што ќе покажат на македонската јавност колку ние грешиме и колку ние не сме во право.
 
Морам да нагласам уште еднаш дека ние во знак на протест, поради тоа што тројца од нас веќе паднаа, не сакаме тука да дојдеме, меѓутоа слушајки го говорот на Премиерот Црвенковски вчера, се одлучивме, сепак, да дојдеме тука и малку да реплицираме.
 
Знач, уште еднаш да повторам, Ви се обраќам од името на организационите одбор на протестот на студентите. Должен сум веднаш да Ви кажам дека меѓу нас не постои големо недоразбирање. Ние не баравме расправа за меѓунационалните односи, како што стои во барањето на Владата за оваа седница. Ние знаеме дека Република Македонија не е, на пример, Европска унија или некоја конфедерација за да се зборува за меѓунационални односи. Ние не баравме ниту расправа за меѓуетничките односи, како што раководството на Собранието ја насловило темата на денешната седница. Ние од Вас бараме во согласност со вашите надлежности да ги преземете сите потребни мерки во следниве наши барања:
 
Прво, донесување на закон по итна постапка за престанување на важноста на Законот за јазиците на кои се изведува настава на Педагошкиот факултет “Св. Кирил и Методиј” од Скопје.
 
Од страна на Уставниот суд на Република Македонија побаравме укинување на или поништување на Законот за за јазиците и нашите ставови во врска со тоа подетално ги образложивме во иницијативата. Во оваа прилика ќе цитираме само дел од Одлуката број 100/94 од 25 јануари 1995 година и одлуката број 99/94 од 25 октомври 1994 година, на Уставниот суд, со кој Што Уставниот суд веќе создал уставна практика во смисла на примена на членот 7 од уставот на Република Македонија. Отворен цитат: ,,во согласност со членот 7, став 1 од Уставот на Република Македонија, во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,,.
 
Ставот 2 на членот 7 од Уставот на Република Македонија предвидува во единиците на локална самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите во службена употреба, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да бидат и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.
 
Во ставот 3 на членот 7 Од Уставот на Република Македонија е предвидено дека во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите во службена употреба покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да бидат и јазикот и писмото на националностите, под услови на начин утврден со закон.
 
Во ставот 3 на членот од Уставот на Република Македонија е предвидено во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите во службена употреба покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да бидат и јазикот и писмото на националностите под услови и начин утврдени со закон.
 
Со наведените уставни одредби произлегува дека Уставот прави сосема јасна разлика помеѓу службен јазик и како таков го утврдува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на Република Македонија и службената употреба на Јазикот. При што предвидува кога припадниците на националностите живеат како мнозинство на единиците на националностите на локалната самоуправа службена употреба на нивниот јазик и писмо да се уредува со начин утврден со закон. А кога тие претставуваат значителен број службената употреба на нивниот јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да се уредува само на начин и под услови утврдени со закон.
Според тоа, од Уставот произлегува дека на целата територија на Република Македонија покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо не може да се применува и јазикот на националностите“. Завршен цитат.
 
Од Уставот произлегува и правото на високо образование на службениот македонски јазик на државата Македонија во согласност со член 7 од Уставот не го суспендира правото на образование на припадниците на националностите, ниту пак ние тоа го бараме.
 
Правото на високо образование мора да биде и е достапно и за припадниците за националностите, но под еднакви услови како и за сите граѓани на Република Македонија. Имајќи ја предвид еднаквоста на граѓаните во слободите и правата независно, меѓу другото и од националното односно од етничко потекло утврдено со членот 9 од уставот.
 
Во ставот 2 во членот 46 од Уставот е утврдено условите за основање, вршење и престанок на дејноста на Универзитетот да се уредуваат со закон.
Педагошкиот факултет “Свети Климет Охридски” е дел односно само еден факултет од еден универзитет во Државата, Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” ви Скопје, покрај постоењето на само уште еден универзитет “Свети Климент Охридски” во Битола.
 
Според тоа, од Уставот произлегува дека со закон ќе се уредуваат условите за основање, вршење и престанок на дејноста на Универзитетот, Што сама по себе подразбира услови за основање вршење и престанок на дејноста и на членките на Универзитетот, факултетите и другите научни установи. Универзитетот и факултетите подготвуваат кадри за целата територија на државата и затоа неговата дејност не е врзана за подрачјето на една општина или потребите на една националност, туку за потребите на сите граѓани на Државата. Оттука и правото граѓаните високо образование да стекнат на службениот јазик на државата, односно на Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, тоа беше првото барање поопширно образложено.
 
Второ, неотповиклива оставка на министерот за образование проф.д-р Софија Тодорова, поради дозволување на неуставен закон во нејзиниот ресор, неморал и нехуманост, бидејќи имаме штрајк со глад веќе 11 дена, министерот не најде за сходно да ги посети тие луѓе, без разлика дали се согласува или не се согласува со нивните барања и ние морам да ви кажам во шега се договоривме да набавиме министерска фотеља, за да го задржиме министерското ниво и ја очекуваме министерката да дојде да не посети да види каква е нашата здравствена состојба. Нагласувам уште еднаш, без разлика дали се согласуваме или не во барањето.
 
Трето, наше барање е донесување на Закон за Високо оразование со право и студентите да учествуваат во јавната расправа и
Четврто, судентите не преку Сојузот на студентите и Диме Велковски, туку студетите кои што размислуваат.
 
Тито Петковски:
 
Г-дине Петровски , немојте да ги навредувате своите колеги, ве молам.
 
Филип Петровски:
 
Во ред, јас стојам позади моите зборови.
 
Петто, укинување на квотите на националностите за Високо образование, како услов за создавање на еднакви услови за упис на факултетите за сите кандидати независно од нивното етничко потекло.
 
Ние знаеме дека Република Македонија не е Франција, а верувам знаете какви критериуми имаат за образовани во Франција да се зборува за меѓуетнички односи. Ние Македонија ја знаеме и ја сакаме како Европска држава, а во Европска перспектива, терминолошкиот расчекор помеѓу Владата и Собранието може да се надмине со трет наслов оваа седница. Например, политиката на Државата кон малцинствата. Во таа преспектива Вие би требало да ги разгледате правата на припадниците на малцинствата, врз основа на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства која што, знаеме ова Собрание на усвои девето по ред во Европа, а се чини не ја почитува и посебно го нагласувам членот 12 став 3 во таа рамковна конвенција и членот 13 став 1 и 2 кои според нас ја појаснуваат позитивната дискриминација, како што популарно е наречена.
 
Ние, тоа не го бараме не сакаме да се ставаме во релации кои што не се наш избор. Ние протестираме против нарушување, уште еднаш нагласуваме, на Уставниот поредок во областа на образобанието и од Вас бараме да донесете системски Закон за Високо образование со еднакви права за упис на факултетите.
 
Проширување на темата на меѓунационалните односи, според Владата, односно во меѓуетничките односи, според Собранието, ја потврдува нашата теза дека во образованието се манипулира со вонобразовни цели, за мир во куќата на коалицијата на власт, за маскирање на вистинските проблеми во транзицијата, меѓу кои можеме да го спомнеме грабежот во Штедилницата ТАТ.
 
Пред некој ден од тројката на Европа претставена преку Грција, Англија и Франција, за чија што улога во нашата национална трагедија за која што нема да зборуваме сега, беше испорачана, би рекле нарачана декларација со поддршка на владината меѓуетничка политика исто како трите претставници на Европа да не знаат како кај нив се регулираат односите за националните малцинства. Меѓутоа, сето тоа за нас младите кој веруваме во демократија и хуманизам, не го прифаќаме овој цинизам кој е многу неподнослив, а Владата го прифати.
 
Покрај тоа што на седницата се поканети претседателите на вонпарламентарната опозиција, поканети сме и ние. Мораме да кажеме дека ние не знаеме колку е тоа деловнички исправно, бидејќи ни Вие немате деловник за работа, како што ние немаме Закон за Високо образование. Но, независно од тоа статистички и статусно сведени на декор, смислата на поканата ја гледаме во функцијата на демагогијата наречена решавање на проблемите низ институциите на системот, кои што гледаме како функционираат досега. Таа улога ние не сакаме да ја играме, ние имаме конкретни барања, веќе ви ги прочитав, вие не ни одговарате, ова на нас ни личи како соцреалистичка сеанса.
Инаку само за ваша информација, која сигурно ја знаете, но не знаеме зошто ја премолчувате, на вашиот интернет, за кој што ние немаме пари за користење, Тетовскиот Универзитет има дистрибуирано над 11.500 документи, еден од нив имаме за Вас, ќе ви прочитам извадоци да видиме што кажува тој. Доколку се согласите нема да читам на Англиски, ќе преведувам директно.
 
“Албанците во Македонија се автохтона популација, како што се мнозинска популација во нивните етнички региони”. Пазете ова е дистрибуирано од таканаречениот универзитет во Тетово, а ние имаме информации дека Сорбона и неколку американски универзитети се користат со овие информации. Ќе го поткрепам тоа понатаму уште малку.
 
“Албанците во Македонија немаат друг избор, туку да бараат легализација на овој универзитет, без разлика на ставот на Владата”. Понатаму се вели, без разлика каков ќе биде позитивен или негативен.
 
“Колку побрзо оваа реалност е разберена, толку подобро за сите жители на Македонија”. Потписници се сите албански субјекти. Натаму, Тетовскиот Универзитет во курсот на Академската година ќе има 1.300 студенти, а не 150 како што тврдеше некој, од кои половина се девојки, 150 професори кои што се сите жители на Македонија. Јас се сомневам во тоа. Тоа се вели во овој документ кој што е дистибуиран на интернет, кој што ни го донесоа некои студенти.
 
Незаборавајќи се она што се случува надвор ќе морам уште еднаш да се обратам во Министерството за внатрешни работи, кое што прилично некоректно постапи спрема нас. Незнам дали е тука Министерот? Нема да објаснувам што се се случи, веројатно добро знаете, меѓутоа, ќе го замолам Министерот да ги контролира малку подобро службите, некои служби кои се чини се излезени надвор од контрола на Министерстово за внатрешни работи и кои што вршат психичка тортура врз сите нас. Ако е и тоа дел од играта, ако мора да се изврши врз нас таков притисок, ние го прифаќаме, меѓутоа би го замолиле министерот, ако е тој што ги котролира, или ако е некој друг, барем девојките да не бидат малтретирани од службите за државна безбедност, да не им се закануваат дека ќе завршат во корпа за ѓубре и нивното тело ќе биде најдено во Вардар. Ова може да ви биде смешно, можете да се оградите сите од ова, нема проблем, меѓутоа треба да ја проверите оваа информација и да видите како функционираат тие служби.
 
И за крај, уште еднаш би рекол, народот нема пари за интернет, тој ни лепеше пораки на Шаторот. Би сакал дел од нив да ги прочитам, без разлика што ќе се насмеете. “Ви благодарам што го откривте срамот што ние возрасните го носиме во себе”- некој чичко е потпишан. “Ми дадовте сонце” -Душанка. “Вие ја држите најголемата лекција за нас”. “Нека изчезне засекогаш срамот од клетото едноумие” . “Ја разбудивте Македонија”.
 
Со оглед на тоа што досега не најдовте време да расправате за нашите барања и со оглед на тоа што поминаа 25 дена од протестите, 11 дена од Штрајкот со глад, ние бараме, г-динот Министер да си даде оставка, а и целата Влада, а сите што не подржуваат повторно да ги продолжиме потестите. Уште еднаш нагласувам ние местото си го гледаме кај нашите колеги надвор и да знаете и тоа е институција на системот.
 
Ви благодариме уште еднаш што моравте да не сослушате.Дами и господа,
 
денеска е, ако не се

Пронајдете не на следниве мрежи: