Фино и сочно печено пилешко- МАЈО ЧИКЕТИНО

Loading...

Вкус кој  дефинитивно не се заборава…Состојки:
Начин 1:
500гр пилешко филе
4-5 лажици мајонез
2 лажици сенф
2 лажици бело вино
½ лажици  лимонов сок
Бибер
Сол
Презла
Начин 2
500гр пилешко филе
200мл јогурт
200мл мајонез
Бибер и сол по потреба
Пола лажица лук во прав
Лебни трошки
Подготовка
Прв начин
Пилешкото месо, сосема малку доколку е потребно, исчукајте го  толчник за месо. Соединете ги состојките: мајонез, сенф, бело вино, лимонов сок, сол и бибер.

 
Секое парче месо добро намачкајте го  со смесата и на крај наредете го  во кутија така што секое парче месо ќе биде фино покриено во смесата. Поклопете со капак и ставете го месото во ладилник  15-ина минути, или доколку имате  доволно време бидејќи  колку подолго месото стои  во смесата толку посочно ќе биде. Загрејте ја рерната на 200 степени, а тавчето обложете го со  хартија за печење.

Потоа, секое парче месо убаво утапкајте го  во презла. Малку протресете и наредете ги парчињата месо во тавчето и печете20- 25 минути. Во презлата секако можете да додадете  и зачини по вкус.
Втор начин
Измешајте ги јогуртот и мајонезот, додадете  сол и бибер, и зачини по  вкус, додадете го месото и ставете во ладилник.

Извадете го месото од ладилник и извалкајте го во презлата во која претходно го додадовте лукот и  зачини по вкус. Печете 20-ина минути.
Сервирајте со  варен зеленчук, пире компир, зелена салата и  слично.Состојки:
Начин 1:
500гр пилешко филе
4-5 лажици мајонез
2 лажици сенф
2

loading...
Loading...