Невработеноста на територија на Европа сеуште е тема на истражување на многу експерти од економската и бизнис сферата. Според последните истражувања, за прв пат во Европа до крајот на јуни месец оваа година невработеноста всушнопст паднала и се повеќе луѓе се вработиле.
Во Еврозоната повеќе од 12.1 отсто од Европјаните се вработиле на стабилни работини позиции. Минатата година оваа бројка беше 10.9 отсто од населението во Европа кои добиле стабилна и сигурна работна позиција.
Многумина се зачудија од овие податоци бидејќи со почетокот на економската криза во 2009-та година многу влади најавија дека ќе има отпуштања во многу фирми и установи, а тоа само ќе придонесе до зголемување на невработеноста на ниво на цела Европа.
Сепак, истражувањата кои се прикажани на графикот покажуваат дека од првата половина на 2011-та година почнало да се зголемува вработувањето, а да се намалува невработеноста.
Дали со оваа вест може да се каже дека економската и бизнис климата во Европа ќе се подобри останува да видиме до крајот на оваа година.
Според последните истражувања, за прв пат во Европа до крајот на јуни месец оваа година невработеноста всушнопст паднала и се повеќе луѓе се вработ
Пронајдете не на следниве мрежи: