Изборите да се одржат на 24-ти април, без одложување и државата да биде ослободена од кризата која ја наметна СДСМ, бараат граѓаните.Граѓаните не го кријат својот револт од однесувањето на опозицискиот лидер. Тие јавно му порачуваат дека нема да дозволат да бидат негови заложници и дека сакаат државата да оди напред, а не да живее во криза и конфликтност која ја креира СДСМ на чело со лидерот Заев.
Тие велат дека Заев не може да бега од избори и дека ако изборите не се одржат на 24-ти април, треба се она што беше договорено во Пржино да престане да важи. Преку социјалните мрежи, граѓаните велат дека ако Заев не сака избори, треба да бидат повлечени и техничките министри предложени од него, затоа што тој и онака не го почитува договорот од Пржино.
Граѓаните му порачуваат на Заев дека без избори не може да дојде на власт и дека тие нема да му дозволат да биде заобиколена нивната волја. Оценуваат дека политичарот е исплашен, но остро му порачуваат дека немаат никаква доверба во него.
На корисниците на социјалните мрежи им е преку глава од ваквото однесување на опозицискиот лидер. Го нарекуваат предавник и кукавица, а според нив СДСМ е издајничка партија.
Граѓаните знаат зошто треба да се одржат изборите на 24-ти април и велат дека ако тоа не се случи, следните парламентарни избори во земјава треба да бидат редовни, а не предвремени. Бараат Спасовски и Ременски да бидат повлечени затоа што на тоа место се поставени само поради договорот во Пржино. Поддржувачи на СДСМ, пак, бараат партијата да го смени својот лидер.
„Избори мора да има. Сакаме мир и стабилност. Доста губевме време“, му порачуваат граѓаните на Заев.
Граѓаните не го кријат својот револт од однесувањето на опозицискиот лидер. Тие јавно му порачуваат дека нема да дозволат да бидат негови заложници