ФОТО: Верижен судир на преку 50 автомобили!

Над 50 возила се судрија во верижна сообраќајна несреќа во тунелот „Витиња“ на во Бугарија, непосредно пред 13:00 часот. Загинаа три лица, а 14 лица беа однесени во болница со различни повреди.„Имаше автомобили, притиснати меѓу камионите. Страшно беше внатре. Среќа што се извлековме и што сме живи“ – објаснил сведок на случката.
Според изјавите на луѓето, тротоарите биле многу лизгави поради истурена течност – масло или дизел, а автомобилите едноставно не запирале. Тие се судирале еден во друг и така дошло до оваа верижна катастрофа.
Со часови се извлекувале судрените автомобили, а амбулантни возила ги третирале повредените луѓе.
Според секретарот на бугарското МВР Георги Костов, причината за инцидентот е движење со недозволена брзина.
„Во тунелот има многу разлеано масло, но тоа е последица од несреќа, а не причина за неа“ – изјавил Костов.
Сега движењето по автопатот меѓу Ботевград и тунелот „Витиња“ во насока кон Софија се нормализира.

 „Имаше автомобили, притиснати меѓу камионите. Страшно беше внатре. Среќа што се извлековме и што сме живи“ – објаснил сведок на случкат

Пронајдете не на следниве мрежи: