ФОТО + ВИДЕО: Пилотите поради ОВА добиле отказ!

Двајца аргентински пилоти биле отпуштени откако ѝ дозволиле на една старлета да влезе во кабината и да се фотографира со нив за време на ноќниот лет од Буенос Аирес кон Росарио.Занесната танчарка и актерка Вики Ксиполитакис, поставила фотографии на Твитер на кои се гледа дека била во кабината при полетувањето, но и самиот лет.
„Ќе забрзам и наскоро ќе полетаме“, зборува на снимката од кабината.
На пилотите ова им било многу забавно, но не и на нивните шефови.
Мариано Рекалде, претседателот на најголемата авиокомпанија во Аргентина „Аеролинеас“, рекол дека пилотите се отпуштени веднаш откако се дознало за инцидентот. Тој ги повикал властите да го истражат кршењето на протоколот, бидејќи пилотите „ги загрозиле животите на патниците“.

„Тие се неодговорни луѓе. Ги отпуштивме штом дознавме за овој случај“, рекол Рекалде.
Но, ниту актерката којашто е позната по разголените фотографии нема да помине неказнето. На нејзе ѝ е забрането да лета со оваа авиокомпанија во наредните пет години.
Занесната танчарка и актерка Вики Ксиполитакис, поставила фотографии на Твитер на кои се гледа дека била во кабината при полетувањето, но и самиот

Пронајдете не на следниве мрежи: