Очигледно лидерот на СДСМ Зоран Заев е вистински магнет за криминалци. Во изминатиот период македонската јавност имаше можност да го види лидерот на најголемата опозициска партија на иста маса со Захир Бекири – Чауш, човекот кој стои зад Фабриката за афери, потоа со бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил кој во Бугарија и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материи, а Нетпрес дојде до нова фотографија на која Заев е фотографиран заедно со Џељадин Јусуфи, познат како Џани од Мојанци.Против Јусуфи полицијата има поднесено кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, а полицијата го гони уште од октомври 2013-та година, пишува Нетпрес.
Како што може да се види и од фотографиите Џани очигледно е достапен за Зоран Заев, но не и за полицијата предводена од технички назначениот министер Оливер Спасовски. Засега нема одговор дали Џани е на слобода заради тоа што Спасовски го штити, а неговиот лидер ги користи услугите или постои друга причина поради која тој е сеуште на слобода.
По ова, останува да видиме дали Заев ќе пријави во полиција дека забележал осомничен кој се гони за нелегално поседување оружје.
Инаку, фотографијата е направена при завчерашната посета на Заев во скопско Арачиново каде лидерот на СДСМ оствари средби со поддржувачите на СДСМ. Доколку Оливер Спасовски побргу издаде наредба, можеби и ќе го пронајде осомничениот во селото.
Заев на иста маса со фалсификатор од Бугарија
Во прилог на тезата дека Заев е вистински магнет за криминалци оди и фактот што тој пред два дена на иста маса седеше со уште еден осуден фалсификатор.
Заев оствари средба со делегација на бугарската социјалдемократска партија во чиј состав се наоѓаше бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил кој во Бугарија, но и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материи.
Заев оствари средба со делегација на бугарската социјалдемократска партија во чиј состав се наоѓаше бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил кој во Бугарија, но и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материи.
Како што вчера објавија дел од медиумите политичарот Јордан Чипев, од партијата на Александар Томов, според бугарските медиуми во 2013 година бил приведен во полициската акција во Ќустендил при разбивање на група која изработувала фалсикувани документи, патни исправи и пари. Но ова не е единствената афера во која се споменува името Јордан Чипев. Во 2008 година кај Чипев бил откриен 200 грама синтетички наркотик.
Чипев им е познат и на македонските судови. Во 2007 година Чипев беше осуден на 6 месеци условно од судот во Крива Паланка за фалсификување на исправи за возило. Исто така во 2006 година беше замешан во шверц на 33 штеки цигари кои нелегално се обидел да ги внесе од Македонија во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево.
Чипев беше сомничен дека во 2015 година спротивно на законот се обидел на листата за општински советници од неговата партија да вметне имиња на Македонец и Србин кои не биле жители на Ќустендил.
Фотографии на Заев и Чауш
Претходно во јавноста излегоа фотографии од кабинетот на Зоран Заев на кои лидерот на СДСМ се фотографираше со Захир Бекири-Чауш, одговорен за Фабриката за афери во чиј дом беа изработувани фалсификуваните лични карти и пасоши со кои манипулираше Фокус.Против Јусуфи полицијата има поднесено кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи&ldq