Француското Интернационално училиште – образование врз принципите на еднаквост, слобода и секуларизам

Loading...

Соодветно на мултинационалниот состав на учениците, основниот едукативен дел од наставата се изведува на француски јазик, но застапени се и македонскиот како и англискиот јазик. Наставата ја водат професори од Франција, со долгогодишно искуство во тамошниот образовен систем.(Скопје, 01.09.2014) – Со зборовите „добро утро драги ученици“ изговорени на француски јазик беше обележан првиот училишен ден во Француското Интернационално училиште. Како единствениот образовен центар каде целата настава се одвива на француски, програмата се спроведува според принципите на Министерството за образование на Република Франција.
Претседател на Управниот Одбор на Француското Интернационално училиште е Жан Франсоа Ле Рок, бизнисмен кој веќе 17 години своите бизниси ги шири на Балканот.

„Следејќи ја програмата на Француското Министерство за образование, едукативните содржини се усогласени со основните принципи за еднаквост, слобода и секуларизам. Сето тоа дава меѓународно признато и висококвалитетно образование. Индивидуалниот пристап и малиот број на ученици во одделенијата се додатна гаранција за успешниот воспитно-образовен процес“, изјави Ле Рок, Претседател на Управниот Одбор на училиштето.

 

Соодветно на мултинационалниот состав на учениците, основниот едукативен дел од наставата се изведува на француски јазик, но застапени се и македонскиот како и англискиот јазик. Наставата ја водат професори од Франција, со долгогодишно искуство во тамошниот образовен систем.
Во рамките на училиштето функционира и градинката и целодневниот престој каде е  понудена можност за дополнителни слободни активности по клавир, балет, пливање како и дополнителни часови по француски односно подготвителна настава.(Скопје, 01.09.2014) – Со зборовите „добро утро драги ученици“ изговорени на француски јазик беше обележан првио

loading...
Loading...