Ѓорѓиевски: 150 милиони евра од Сорос се директно потрошени на корумпирање на македонското општество

СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување.Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот.
Јасно е зошто наследничката на Милчин има потреба да се правда и објаснува. Граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори. Ги казнија за платеничките револуции, за нападите врз полицијата, за вандализмот и уништувањето културни споменици.
Сега анонимната наследничка на Милчин го кажа тоа што се очекуваше, грст невистини, лаги и шпекулации, без да даде било каков одговор на суштинските прашања.
Таа практично со својата изјава призна дека за се што прават во Македонија нивната централа е запознаена и високо свесна за штетата која и ја прават на државата.
Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата.
Фани Каранфиловска не одговори и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија. И тоа по правило секогаш пред избори овие таканаречени граѓански организации добиваат поголеми суми, организират протести, кампањи во кои отворено застануваат зад политички опции. Тоа што тие тврдат дека е инвестирано во општетсвена корист се трошки во поглед на тоа што е злоупотребено и испрано во политички цели.
Производот од делувањето на Сорос е:
–  целосно корумпирање на граѓанскиот сектор
–  платеничка револуција која се прогласи за Шарена револуција
– платени експерти со наредба без аргументи да критикуваат и напаѓаат
–  создавање на тензии и конфликти
– корумпирање на медиумскиот простор и злоупотреба за политички цели
– организирање на новинарски фабрики
– збришување на слободната мисла
– злоуптреба на младинските движење за политички цели.
Заклучокот и после јавниот настап на Фани Каранфиловска е јасен. Фондацијата за отворено општество која ја води единствено кое отворено го работи е поддршка на аболицираниот криминалец Зоран Заев неговата деструктивна политика и отворено партиско политичко-дејствување.Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е п

Пронајдете не на следниве мрежи: