четврток, 12 ноември 2026
Најново

ГОСПОД Е ГОЛЕМ: Детенце извлечено под урнатини во Сирија!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Таткото на малечкото девојче кое било спасено од урнатините под кои се наоѓало откако зградата колабирала по воздушен напад на градот Алепо, прозборел за нејзиното спасување.Видеото од спасувањето на тогаш 2-годишната Гина Басам која успеала да преживее под урнатините на нејзиниот дом во Алепо по воздушен напад, изненади многу луѓе во светот. Нејзиниот татко се заблагодари на Божјата волја неговата ќерка што преживеала и што спасувачите упорно копале за да ја пронајдат.
„Тие копаа сѐ додека не ја пронајдоа Гина. Во еден момент го слушнаа нејзиниот глас и продолжија со копање додека не ја најдоа. Не можам да ја опишам мојата радост во тој момент“, се присетил таткото.
Нејзиниот вујко, којшто исто така помагал при спасувањето, прозборел за моментот кога го слушнал нејзиниот плач под урнатините.

„Гина беше прекриена со урнати делови од куќата. Копавме и одеднаш го слушнавме нејзиниот глас. Немавме градежна опрема за да го забрзаме процесот и затоа со рацете се обидувавме што е можно побрзо да копаме за да ја најдеме. Под урнатините се наоѓаше уште едно 8-годишно девојче, но не можевме да ја спасиме на време“.
Погледнете го видеото од неверојатното спасување на Гина:
 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Детенце извлечено под урнатини!
Posted by Puls24.mk on Wednesday, December 2, 2015

Видеото од спасувањето на тогаш 2-годишната Гина Басам која успеала да преживее под урнатините на нејзиниот дом во Алепо по воздушен напад, изненад

Поврзани вести