Град Скопје: Жерновски да каже во чија надлежност се паркинзите каде се наоѓаат проблематичните локации до кои возилата на ЈП „Комунална хигиена“ немаат пристап

Градот Скопје реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски поврзана со собирањето на комуналниот смет на неколку локации на територијата на Центар.Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Собирањето на комуналниот смет е надлежност на Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и тоа се врши редовно според однапред утврдена динамика. За жал, на одредени места возилата на ЈП „Комунална хигиена“ немаат пристап и се спречени да дојдат до контејнерите за да ја го соберат сметот, пред се поради големиот број на погрешно паркирани возила кои ги блокираат пристапите.
Дополнително, доколку ги погледнете фотографиите објавени на интернет порталот на Општина Центар, ќе забележите дека голем број од контејнерите се превртени и оштетени, а комунален смет се фрла надвор од контејнерите. Јавно ги повикуваме колегите од комуналниот инспекторат на Општина Центар да и соопштат на јавноста што имаат превземено за овие појави.
Сметаме дека изјавата на градоначалникот Жерновски се неточни и истите не ја отсликуваат реалната слика на терен, бидејќи во истите Жерновски воопшто не ги споменува условите кои треба Општината Центар да ги обезбеди за ЈП „Комунална хигиена“ да може беспречено да го собира комуналниот смет.  
Во прилог со реакцијата праќаме и фотографии направени денеска, од неколку паркинзи каде е прикажана актуелната состојба и секојдневие.
Го повикуваме градоначалникот Жерновски и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ да си ги извршат нивните должности и да го решат хаосот со паркирање на возила на овие локации, со што би се создале основни услови за ЈП „Комунална хигиена“ да може да ја врши својата работа.
Јавно го прашуваме Жерновски и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во чија надлежност се паркинзите каде се лоцирани проблематичните локации?
Како може јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да го собира сметот со ваква слика и сообраќаен хаос кој постои таму, во состојба која возилата не можат да стигнат до контејнерите?
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ се соочуваат со големи предизвици и потешкотии при собирањето на сметот на овие локации, а честопати, поради состојбата на терен, тоа мора да го прават и рачно.
Како дополнителен проблем коишто се јавува е фактот што Општина Центар при изведувањето на градежни работи воопшто не се консултира со соодветните јавни претпријатија, при што се случува да се попречи нормалната работи на истите. Има голем број на примери за оваа појава, а еден од нив е блокирањето на подземните паркинзи при реконструкцијата на една од улиците во близина на Градежниот факултет.
Јавно ги повикуваме колегите од Општина Центар и градоначалникот Жерновски да излеземе заедно на терен за реално да ги увидиме причините за проблемите со собирањето на комуналниот смет и да ги надминеме истите.Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Собирањето на комуналниот смет е надлежност на Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хиг

Пронајдете не на следниве мрежи: