Градоначалниците Трајановски и Коневски го чистеа обоениот плоштад

Градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски вечерва можеа да се забележат како го чистат плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, откако истиот претходно беше обоен од страна на опозициските поддржувачи, кои протестираа и денеска.Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и “шарените“ вандали вечерва целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плоштадот.

На овој начин, „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС денеска продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.

Покрај плоштадот, вечерва СДСМ продолжи и со нивните традиционални мети за уништување, Владата и Собранието, сето тоа под будното око на лидерот Зоран Заев кој беше на чело на протестите.

По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалниците на Град Скопје и Аеродром лично се погрижија за чистење на плоштадот од атакот на “шарените“ и како што може да се забележи на фотографиите, истиот е целосно исчистен.

Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и “шарените“ вандали вечерва целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја

Пронајдете не на следниве мрежи: