Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /14.01.2016 година/ го посети Детското СОС село и имаше можност да поразговара и да се дружи со децата што се згрижени во ова село, како и да им подари пакетчиња и шпорет кој ќе го користи едно од семејствата во Детското село.- Особено ме радува тоа што сум денеска тука во СОС Детското село, по повод Новогодишните и Божиќните празници, на празникот Василица, меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и мајчинска грижа, за заедно да си посакаме искрени желби во Новата 2016 година.
Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка на овој проект кој се покажа како многу успешен и како единствена можност овие деца да се изведат на вистинскиот пат, да се вработ и да формираат сопствени семејстава. Ви пожакувам во Новата година да бидете среќни и весели и безгрижно да растете во слога и љубов, да се сакате и разбирате меѓу себе бидејќи тоа е привилегија која води кон успешна и светла иднина – им порача градоначалникот Трајановски на децата во СОС Детското село.
Директорката на СОС Детското село, Виолета Ѓорѓиева, истакна дека Градоначалникот Трајановски веќе 10 години, односно уште од 2006 година, и како градоначалник на Општина Гази Баба, му помага на СОС Детското село не само со финансиски сретства, туку и во рамките на неговите надлежности го помага и дава поддршка на нивното работење и му врачи благодарница.- Особено ме радува тоа што сум денеска тука во СОС Детското село, по повод Новогодишните и Божиќните празници, на празникот Василица, меѓу в