Грило одбива да даде доверба на каква и да е италијанска влада

Популистичкиот лидер, познатиот италијански сатиричар Бепе Грило чиешто Движење 5 ѕвезди освои поединечно како партија најмногу гласови на парламентарните избори во Италија, рече во средата дека ќе поддржи индивидуални мерки во парламентот, но нема да даде доверба на ниедна влада којашто ќе ја води некоја од традиционалните парти.Ова свое режени Бепе Грило го објави на својот профил на мрежата Twitter каде напиша дека „Движењето 5 ѕвезди нема да ја даде довербата на левиот центар на Демократската партија, ниту на која и да е друга, како и дека неговото движење кое има 109 пратеници и 54 сенатори, ќе се изјаснува за законите коишто се одраз на неговата програма, без оглед на тоа кој ги предлага“Левиот центар доби најмногу места во парламентот, но нема мнозинство за да состави влада. Демократската партија на Пјерлуиџи Берсано е многу претпазливо во однос на Движењето 5 ѕвезди, коешто јасно укажа дека секој договор е многу тешко остварлив.Ова движење коешто самиот Грило го нарече „непартија” освои 25,5 отсто од гласовите во долниот дом на парламентот, додека Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани којашто ја предводеше коалицијата на левиот центар освои 25,4 отсто од гласовите. Севкупно, за Движењето 5 ѕвезди на изборите гласале 8,7 милиони гласови, повеќе од која и да е друга поединечна партија, и така оваа „непартија” стана најголемата партија во Италија.Ненадејниот подем на Движењето 5 ѕвезди, инаку, почна на локалните административни избори во мај 2012 година, истовремено со намалувањето на поддршката за партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони – Народ на слободата, (PdL) и растот на довербата во централно-левичарската сили. Политичките противници пред изборите Бепе Грило го нарекоа најголемата закана за Италија.
МакфаксПопулистичкиот лидер, познатиот италијански сатиричар Бепе Грило чиешто Движење 5 ѕвезди освои поединечно како партија

Пронајдете не на следниве мрежи: