Скопје продолжува напред- порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил пред денешниот настан во општина Аеродром.-Денес започнуваат градежните работи на булеварот АСНОМ на потегот од Фудбалската федерација на Македонија до првите куќи на улицата Тодор Чангов. Ќе се прошират и реконструираат 430 метри од булеварот и тој ќе добие 4 сообраќајни ленти широки по 3,5 метри одделени со средишна жардињера. Овој проект во кој Град Скопје ќе вложи околу 32 милиони денари и има рок за завршување од 150 дена ќе претставува вистински сервис за жителите на новите згради што се градат во негова близина, ќе го олесни одвивањето на сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се овозможи забрзан развој на општината Аеродром, напиша Груевски на Фејсбук.
-Денес започнуваат градежните работи на булеварот АСНОМ на потегот од Фудбалската федерација на Македонија до првите куќи на улицата Тодор Чангов.