Гучи ги претстави своите нови еко ташни од колекцијата Jackie”, “Hobo” i “Tote” со кои се добива и ’’пасошот’’ во кој детално е опишана историјата на кравата од која се направени, од раѓањето на животното па се до финалниот производ. Овие ташни се направени исклучиво од животни кои се одгледувани на легални ранчеви во Бразил. Бразил е еден од најголемите извозници на кожа, а познато е дека извесен дел се испорачува и за Италија, каде во фабриките taa станува ’’италијанска кожа’’.
Со години наназад, кожата од бразилските крави е најбарана во модната индустрија. Една студија од 2009 год. направена од Greenpeace покажала дека токму од тие причини многу ранчери уништуваат голем дел од дождовните шуми, како би направиле доволно место за одгледување на стоката. Тоа значително ја оштетило животната средина, па апелот кој оваа организација го упатила, сепак ги освестi и модните куќи.
По овој извештај, Гучи престана да користи бразилска кожа, меѓутоа повторно се врати со оваа нова колекција ташни. Сепак, во модната куќа тврдат дека кожата е добиена од кравите кои се одгледуваат исклучиво на легалните ранчеви, што е опишано во ’’пасошот’’кој се добива со ташната. ’’Се надеваме дека ние сме пионери за нешто што ќе стане тренд во модната индустрија. Знаеме дека нашите клиенти се менуваат. Потрошувачите не се задоволни само со убавите производи – тие сакаат и да знаат од каде потекнува тој производ и како е направен’’, вели Диана Зането, потпретседателка на Гучи.
извор:lady.mkГучи ги претстави своите нови еко ташни од колекцијата Jackie”, “Hobo” i “Tote” со кои се добива и ’&rsquo