Харизматичноста се учи, ова се нејзините тајни

Вистинската привлечност не е само дадена од Бога. Таа како и сите вештини, се стекнува и развива со работа на себе. Еве неколку совети од психолозитеЗасакајте се себе
Се прифаќате ли себе со сите свои слабости? Дали сте подготвени да признаете дека ги имате? И не само тоа, дали сте подготвени да ги прифатите и да ги користите своите сили? Ако вашиот одговор е негативен, не се грижете. Не сте единствени. Многу луѓе се плашат од своето вистинско лице. Но без него, нема целосен живот, нема вистинска автентичност и харизматичност.
Вежба:
Напишете на еден лист хартија кои се вашите силни страни, а на друг напишете ги своите слабости. Ваши врлини се изворот на креативност и инспирација. Од тој извор можете да црпете сила секогаш кога ја губите енергијата. Сега на ред се слабостите. Замислете дека списокот со вашите маани се наоѓа во рацете на друга личност и обидете се да ги согледате со туѓи очи. Дали сте сигурни дека тоа се само слабости? Размислете дали во нив не се крие некој таен резервоар. Никогаш не заборавајте дека секоја слабост може да се претвори о сила. Затоа бидете тоашто сте!
Засакајте ги и другите
Нареден чекор е да сфатите дена не сте само вие и вашите маани ОК, туку и сите останати. И другите, како и вие, имаат слабости, но тоа не значи дека не се вредни за љубов и внимание.
Вежба:Кога ќе започнете разговор со некого, трудете се да ги увидите неговите добри особини. Потоа кажете си во себе дека вашиот муабет ќе биде позитивен, топол и пријателски. Дури после оваа мала внатрешна припрема почнете разговор. На тој начин говорот на вашето тело нема да биде во спротивност со она што го кажувате.
Користете ги вистинските зборови
Бидете свесно насочени кон тоа како ги формулирате своите мисли. Многу е важно тие да бидат позитивни, бидејќи во потсвеста секогаш си кажуваме едно НЕ. Затоа потрудете се да дефинирате што сакате и што ви треба, наместо да мислите на тоа што не го сакате и не ви треба.
Вежба:Променете го начинот на изразување. Почитувајте го правилото наместо „морам“, да кажете „сакам“ и тоа да биде погледнато од позитивен агол.
Дотерувајте се
Облеката, фризурата, шминката – се` се тоа важни информации за жената. Не станува збор за мода и трендови, туку за општествен комфор. Секоја жена се чувствува подобро кога се грижи за себе.
Вежба:
Барем еднаш месечно купете си нешто за себе. Не мора да биде скапо, доволно е ново ланче, кармин или друг детаљ. Исто така, важно е да се смеете и без посебен повод. Штом се насмевнете, ќе се чувствувате подобро.
Сменете се себеси, а не другите
Засекогаш заборавете ја реченицата „сакам тој/таа да се смени..“. Не е ваша нити било која друга мисија некого да смените. Ако сакате нешто да смените, сменете кај себе.
Вежба:
Тајната на успехот е да го промените личниот внатрешен став, па така полека ќе се менуваат и околностите. Што почесто замислувајте го она што сакате да го постигнете, и тоа со што повеќе детали.
Извор: lady.mkЗасакајте се себе
Се прифаќате ли себе со сите свои слабости? Да

Пронајдете не на следниве мрежи: