Хашкиот трибунал донесе првостепена пресуда: Шешељ ослободен од сите обвиненија

Тринаесет години по предавањето на Војислав Шешељ, Хашкиот трибунал донесе првостепена пресуда дека тој не е виновен по сите точки на обвинението.Советот на Меѓународниот казнен суд го ослободи Шешељ по сите точки на обвинението за воени злосторства во Хрватска, Војводина и БиХ. Војислав шешељ по изрекувањето на пресудаат е слободен човек, кажа претседателот на Судскиот совет Жан Клод Антонети.
Обвинението против Шешељ се состоеше од девет точки. Во три точки беше обвинет за злосторства против човештвото за прогони на политичка, расна или верска основа, депортации или присилно преместување.
Во шест точки, пак, беше обвинет за кршење на законите и обичаите на војувањето – за убиство, мачење и сурово постапување и безаконско разурнување и грабеж на приватен и јавен имот.
Повеќето членови на советот заклучиле дека обвинителството не докажало дека цивилното несрпско население било изложено на распространети напади во Вуковар и Сараево, и заклучил дека постоел оружен судир кој опфаќал цивилни елементи.
„Обвинител не покажа јасно дека цивилите биле масовно на мета“, изјави Жан Клод Антонети додавајќи дека општите тврдења на обвинителството не биле поддржани со докази.
Што се однесува до Војводина, советот не утврди дека станувало збор за област на оружен судир бидејќи обвинителството не успеало да го поврзе со војната во Хрватска.
Советот смета дека српските доброволци не му биле потчинети на Шешељ кога учествувале во воени операции, туку биле потчинети на воената хиерархија на теренот.
„Шешељ не можел да има никаква хиерархиска врска со доброволците од моментот кога биле вклучени во силите на југословенската војска и војската на Република Српска“, кажа Антонети.
Советот смета дека нема доволно докази да се заклучи дека Шешељ бил поврзан со паравоените групи како Аркановците или Белите орли, ниту дека е докажана хиерархиска врска со други паравоени групи во БиХ.
Обвинителството тврдеше дека Шешељ бил член на злосторничко здружување на чело со српскиот претседател Слободан Милошевиќ со цел прогон на несрпското население од Хрватска и БиХ за создавање „Голема Србија“. Судот за ова одлучи дека Шешељ не бил директно одговорен.Советот на Меѓународниот казнен суд го ослободи Шешељ по сите точки на обвинението за воени злосторства во Хрватска, Војводина и БиХ. Војислав шеше

Пронајдете не на следниве мрежи: