Храбар булдог го одбрани домот од две мечки и стана ХЕРОЈ на денот!

Џулс, женка булдог која тежи само 9 килограми, стана херој и се покажа како вистинско куче-чувар, заштитник на семејството и територијата.Џулс, во дворот на куќата што се наоѓа во Монровија во Калифорнија, забележала две мечки и без двоумење почнала да ги брка без страв, иако мечките се далеку посилни од неа.
И покрај фактот што станува збор за млади мечки кои тежат најмалку 50 килограми, може да речеме дека таа направила храбар потег и дека во неа чука херојско срце.
Мечките се честа појава во шумите на Монровија, но откако пожарите уништиле поголем дел од нивните природни живеалишта сѐ почесто се спуштаат во населбите во потрага по храна.

Некои луѓе почнале да ги хранат и сега мечките слободно доаѓаат до домовите.
„Не ми е сеедно. Им се лутам на тие луѓе. Имам две деца и не сум среќен што мечки се моткаат наоколу“ – изјавил сопственикот на храбрата Џулс, Дејвид Хернандез.
Погледнете ги видеата од нејзиниот храбар потег:
Џулс, во дворот на куќата што се наоѓа во Монровија во Калифорнија, забележала две мечки и без двоумење почнала да ги брка без страв, иако мечките

Пронајдете не на следниве мрежи: