Хрватска ја порази Македонија. Во осминафиналето ќе се игра против Словенија или Катар

Хрватска ја победи Македонија во тежок меч исполнет со голема борба, во дербито од 4.коло на Б групата на Светското ракометно првенство во Катар.До крајот на натпреварот противникот рутински знаеше да ја сочува предноста и на крајот славеше победа со 26:29.
Во нашата селекција најефикасен беше капитенот Кирил Лазаров кој средбата ја заврши со 7 постигнати голови. По 3 гола постигнаа: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
Во хрватската селекција голманот Мирко Алиловиќ со 13 одбрани ( 8 во второто полувреме), заедно со  најефикасниот Иван Чупиќ кој постигна 9 гола, беа двајцата најдобри поединци. Домогој Дувњак беше стрелец на 5 гола, а Марко Копљар и Дамир Бичаниќ постигнаа по 4.
На останатите два натпревари од оваа група, Тунис ја победи Босна и Херцеговина 27:24, а Австрија беше подобра од Иран со 38:26.
Хрватска сега е единствената со максимален број на бодови во Б групата (8), пред Македонија која остана 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2 и Иран 0.
За нашите ракометари утре е слободен ден, а во петок против Австрија ќе треба да останат непоразени доколку сакаат да го сочуваат второто место во групата. Доколку останеме на второто место, во недела во осминафиналето ќе се судриме најверојатно со Словенија, а доколку бидеме поразени од Австрија ќе вкрстиме најверојатно со домаќинот Катар, доколку нема изненадувања во последното коло од групата А во кое Шпанија игра со Словенија, а Катар со Белорусија.До крајот на натпреварот противникот рутински знаеше да ја сочува предноста и на крајот славеше победа со 26:29.
Во нашата селекција најефи

Пронајдете не на следниве мрежи: