И повеќе од брзо и едноставно: Фини бешамел шпагети!

Доколку ги пробате овие шпагети ќе речете дека се далеку подобри од карбонара.Состојки:
500гр Шпагети
200гр сланина или друг вид сувомеснато
700 мл млеко
6 лажици брашно
100гр кашкавал
малку сол, вагета босилек, оригано, тимјан по вкус
1 кисела павлака
Подготовка:
Во зовриена вода со малку сол и масло оставете ги шпагетите. Доколку сакате да бидат малку потврди, тогаш веднаш исклучете го огинот и почекајте до 8 минути, а доколку ги сакате помеки оставете да се варат подолго. Кога ќе се сварат исцедете ги, но не ги мијте со вода, додадете малку маслиново масло па промешајте.
Исецкајте ја сланината и ставете да се пржи. Додајте 600 мл млеко, а во останатото размешајте го брашното.
Во садот со сланината и млекото додадете ги зачините, кога ќе зоврие, тргнете од оган и полека додадете ја смесата од брашното и млекото, мешајќи цело време… вратете на оган и мешајте додека не се згусне
Кога сосот ќе ја добие потребната густина, додадете го кашкавалот и павлаката и повторно промешајте.
Послужете топло. НаздравјеСостојки:
500гр Шпагети
200гр сланина или друг вид сувомеснато
700 мл млеко
6 лажици брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: