ИДЕАЛНИ ЗА ЖУРКА: Еве какво „мезе“ да им понудите на гостите!

Тие се прават брзо и едноставно, а толку се вкусни и идеални за журка!Пица мафините се со привлечен изглед и неодолив вкус. Се подготвуваат за миг.
Ако ве мрзи да подготвувате тесто можете да купите и готово. Мафините послужете ги со сос од домати или павлака.
За подготовка ви е потребно:
Тесто за пица
Сос од домати
Оригано
Моцарела
Маслиново масло
Подготовка: 
Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете масло во калапот за мафини. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и развлечете го секој дел.
Премачкајте ги со сос од домати, ставете оригано и моцарела. Смотајте го тестото во спирала почнувајќи од подолгиот крај, превиткајте го на пола и ставете го во калапот за мафини така што отворената страна ќе биде нагоре.
Печете околу 20 минути.
Журката може да почне!Пица мафините се со привлечен изглед и неодолив вкус. Се подготвуваат за миг.
Ако ве мрзи да подготвувате тесто можете да купите и готово.

Пронајдете не на следниве мрежи: