Илон Муск повторно ќе го „размрда“ светот со Tesla Gigafactory!

Веста можеби немаше да биде толку возбудлива, ако во почетокот на месецот во Bloomberg не беше соопштено дека мега фабриката е едвај 14% подготвена. Цената на проектот е во вредност од околу 5 милијарди долари, а самиот погон е лоциран надвор од градот Спаркс, Невада.Ако не знаете од каде доаѓа името „Gigafactory“, тоа е референца кон планираното годишно производство на електрични батерии. Во овој случај. „giga“ е мерна единица, еднаква на милијарда.
Тоа значи дека GWh е еквивалентно на генерирањето/потрошувачката на 1.000.000.000 вати за еден час.
Илона Муск тврди дека во Gigafactory може да се произведуваат 105 GWh клетки и 150 GWh ел. батерии (разликата од 45 GWh доаѓа од производството на клетки на други места). За да станат јасни овие бројки, треба да се напомене дека ова е еднакво на над 3 пати поголем капацитет литиум-јонски батерии кои во моментов се произведуваат во светот.
Tesla здружи сили со Panasonic во овој супер амбициозен проект. Една од главните цели е да ги намалат производствените трошоци на батериите за најмалку 33%.
Фабриката се протега на 1.768.000 квадратни метри и ќе биде најважниот предуслов за успехот на Model 3, чија почетна цена е 35.000 долари. За моделот веќе има над 400.000 првични барања, за кои е исплатено авансно 1000 долари.
Производството на моделите ќе стартува во втората половина на 2017 година. Планот на производителот е да реализира по над 500.000 возила од 2018 година натаму (а не како што беше претходно предвидено од 2020 година).
Според Муск, фабриката во Калифорнија може да се прошири до капацитет од 1 000 000 автомобили годишно.
Друга важна информација е дека Tesla и Panasonic ќе развијат нова батерија со 20.700 клетки, која ќе ја замени досегашната со 18.650 клетки.Ако не знаете од каде доаѓа името „Gigafactory“, тоа е референца кон планираното годишно производство на електрични батерии. Во ов

Пронајдете не на следниве мрежи: