Инсталирањето на оваа апликација може да ви донесе сериозен проблем!

Една апликација тајно ги фотографира корисниците со предната камера, а потоа го заклучува телефонот и го уценува сопственикот, барајќи откуп.Adult Player е порнографска апликација, а откако корисникот ќе биде сликан со предната камера тајно, телефонот се заклучува и од сопственикот бара 500 долари за отклучување на истиот и повторно негово користење.
Она што е зачудува е тоа што страницата за откуп не се губи ниту по рестартирањето на телефонот.

Оваа апликација не е достапна на Гугл Плеј, туку се инсталира преку интернет страна.
Оваа вест беше објавена на страницата на американската безбедносна компанија Zscaler.
Но, постои начин да се деактивира апликацијата. Потребно е да се направат следните чекори:
1. Рестартирајте го уред во Safe Mode (Имајте во предвид дека овој начин на вклучување варира во зависност од Вашиот уред). Работењето во сигурниот режим го рестартира уредот со користење на фабричките подесувања без активирање на други апликации.
2. Деинсталирањето на оваа апликација од уредот прво бара да се исклучат администраторските привилегии. За да го сторите истото, одете на Settings -> Security -> Device Administrator и одберете ја апликацијата Adult Player. Потоа деактивирајте ја.
3. Откако ова е направено, можете да одите на Settings -> Applications -> Uninstall Adult Player.
Adult Player е порнографска апликација, а откако корисникот ќе биде сликан со предната камера тајно, телефонот се заклучува и од сопственикот бара

Пронајдете не на следниве мрежи: