Интегрални палачинки со џем од сливи

Палачинките се  уште повкусни кога се  подготвени со  интегрално  брашно-  пробајте!Состојки:
175гр интегрално  брашно
200мл млеко
1 јајце
1 лажичка прашок за пециво
45 гр шеќер
Маслиново  масло
Џем од сливи
 Подготовка:
Измешајте ги  брашното, прашокот за пециво и шеќерот, а  во  средина направете  дупка во која   ќе  го  скршите јајцето и  сипете половина од  млекото. Мешајте додека не добите густо и  глатко тесто.  Разредете со  остатокот од  млекото. Печете ги  палачинките на тава  премачкана со масло додека не добијат златна боја. Печените   палачинки замотајте ги  во  кујнска крпа за да останат меки и  послужете ги со  џем.Состојки:
175гр интегрално  брашно
200мл млеко
1 јајце
1 лажичка прашок за пециво
45 гр шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: