Марина Андрејиќ тргна во борба кон вистината по излегувањето од затвор, бидејќи сака да дознае што всушност му се случило на нејзиниот исчезнат син Ѓорѓе. Таа ја раскажа својата верзија од приказната.Марина Андрејиќ (43) од Мајиловци, која што беше обвинета дека во 2010 година го убила својот син Ѓорѓе (13), ја раскажа својата исповед во една телевизиска емисија.
Имено, Апелациониот суд во Белград донесе пресуда со која Марина се ослободува од вината дека извршила тешко убиство на синот, кој исчезна на 22 јули во 2010 година. Таа беше во притвор во јули 2010 година и подоцна беше обвинета дека си го усмртила синот удирајќи го со мотика по глава.
Меѓутоа, вештачењата не потврдиле дека пронајдениот череп му припаѓа на детето, бидејќи беше испран со избелувач за да се уништат трагите од ДНК.
Поради сопругот алкохоличар, таа децата ги водела со себе, а со време станала расеана и несвесна за околината. На кобниот 22 јули, Марина и нејзиниот син отишле да берат боранија, но тргнаа на погрешниот пат кон нивата.
-Психички не бев тука, бев на некоја друга страна. Тоа е она што се одрази врз мене во тие години на расеаност. Најлошо е тоа што го земав детето со мене. Се наоѓавме на некоја нива, се лизнав и мотиката ме удри по ногата од која почна да тече крв. Почнав да паничам – раскажува Марина.
-Не знаев каде понатаму да одиме. Крварењето од ногата никако не престануваше. Бидејќи се стемнуваше, му кажав на синот да оди и да разгледа една патека. Тој се исплаши поради темнината, но јас го натерав да тргне по неа бидејќи не можев да одам. Тој тргна по патеката и редовно се довикувавме еден со друг за да не се изгуби. По пет минути ми кажа дека постојат две патчиња и тогаш му реков да се врати назад. Потоа настана молк. Јас и понатаму си го довикував детето, но тој не ми се јавуваше – раскажува мајката.
Таа немала сили да се помрдне од местото каде што се разделиле. По три дена успеала да се врати дома, потпирајќи се на мотиката што ја ранила. Помислила дека синот можеби си отишол дома, но се излажала.
Кога дошла дома без синот, сопругот почнал да ја злоставува. Ќерката оттогаш престанала да зборува со неа и се` уште е убедена дека мајката го дала нејзиниот брат на некого.
-Ставија слика пред мене и ми кажаа да клекнам, за да ме натераат да кажам каде си го оставив детето. Ме тераа дури и да признаам дека сум го убила, а доколку не го направам тоа ќе ја однесат мојата ќерка во дом и никогаш повеќе дека нема да ја видам. По долготрајното злоставување ја потпишав изјавата – кажува Марина.
Таа помина 703 денови во затвор, а сопругот починал во тој период. Единствено тој и верувал дека не го убила нивниот син. Свекрвата и забрани на нејзината ќерка да се гледа со неа и веројатно и ја полнела главата со лаги за неа.
Како и да е, Марина Андрејиќ не може да се помири со тоа дека синот и исчезнал и дека можеби не е жив, но сака да ја дознае вистината.
Марина Андрејиќ (43) од Мајиловци, која што беше обвинета дека во 2010 година го убила својот син Ѓорѓе (13), ја раскажа својата исповед во една те



