Б. Цветаноски од Краљево уште како 15- годишно момче влегол во светот на дрогата, светот каде што на децата не им е местото, а од 16 до 25 години се борел со зависноста од хероин. Три пати бегал од дрогата, а по реченицата „само уште еднаш да ја почуствувам таа топлина и убавина“, повторно влегувал во пеколот. После пет години живот без дрога зборува за својот проблем.Со лесните дроги се запознав на 15 години, а година дена подоцна со хероинот. Многу млад му се препуштив на подземниот живот. Кога го пробав хероинот тоа беше тоа, ми се допадна и не можев, а и не сакав да престанам. Се се случи некако набрзина, од шмркање, брзо преминав на интравенозно рокање, а во недостаток на пари продавав лесни дроги, за да имам да го купам она што мене ми е потребно.
Вистина е кога се вели дека кога еднаш ќе земеш дрога, ќе сакаш повеќе, нешто посилно…
Кога бев во издрогирана состојба, бев во свој свет, мислев дека не постои ништо поубаво, но тоа е буквално пекол кој не ти дава така лесно да излезеш.
На 19 почнав премногу да се губам, да запаѓам во разни проблеми, завршив во затвор…
Приказните за мене дојдоа и до моите родители, знаеа дека нешто не е во ред, но не ни сонуваа дека моите вени се уништени од фиксање. Кога почнаа да запрашуваат, тоа беше тоа, тоа беше најдобар момент да ја дознаат вистината за својот син.
Колку повеќе им раскажував, сфатив дека тие мислат дека користам марихуана. Ах, да беше само тоа, помислив, и потоа ги кренав ракавите и се беше јасно.
Беа во шок, без зборови, само ме гледаа, со солзи и болка во очите.
А потоа започна борбата на клиниката за одвикнување, дури тогаш следеше пеколот, и ден денес сум полн со „рани“ и „лузни“.
Одам на клиника, не знам каде се наоѓам, беден сум сам на себе, валкан, улепен, одвратен. Физичката криза ја проголтав после недела дена, секако со терапии, но психичката е тука и денес.
По откажувањето останав чист некое време, се чувствував добро, работев, се дружев со луѓе, имав девојки, не секогаш ми беше тој црв во главата и тука некаде во малиот мозок. Повремено земав екстази, марихуана, но не во големи количини и тоа само кога одев на некоја журка. Но брзо се впуштив во „само уште еднаш да повлечам црта и нема повеќе’, но секако нема ништо од тоа, повторно лечење.
На одвикнувањето си прво сам, не занеш кои се луѓето околу тебе, гледаш дека се во ист проблем како и ти. Некои се бездомници, а некои од угледни семјства, но на крајот сите ние сме во исти го**а.
Се ‘гребеш’ за лекови, се расправаш со докторите, ги тепаш докторите, нервозен си, едноставно не си ти, не знаеш што ти се случува со главата, телото, не сакаш да се чувствуваш така.
Покрај се, јас и трет пат потклекнав, но после тоа повеќе не земав хероин и чист сум веќе пет години.
Колку си постар се потешко е да се откажеш, некако додека си помлад полесно се ослободуваш од тоа.
Предолго се дрогирав и некако чувствувам дека психата ми е ослабена, не се сеќавам на тинејџерскиот период, избришано е се.
Кога живееш во мал град сите те знаат, иако си стрејт сепак постои некое сомнение, за другите секогаш ќе бидеш наркоман. Понекогаш помислувам дека на челото имам баркод и дека ме препознаваат по тоа, некако тој живот од минатото не ти дава да продолжиш понатаму, да живееш нормално, имаш проблем да најдеш работа, девојка.
Не размислуваш со својата глава кога си млад, но дефинитивно остава огромен белег на телото тоа одвратно минато и тоа не му треба никому. Иако поминаа пет години мене тој црв и понатаму ми работи во главата и не знам до кога ќе копа“.Со лесните дроги се запознав на 15 години, а година дена подоцна со хероинот. Многу млад му се препуштив на подземниот живот. Кога го пробав



