Живеам од и за музиката. Ништо друго незнам да работам, освен да пеам и кога ми се плаче, да ги забавувам другите и кога ми е најтешко- а честопати е повеќе тешко, отколку лесно” – вака ја започнува својата животна приказна, уличниот музичар Слободан Симоновски.Низ градот го знаат како Цобе, кој веќе пет години, со својата гитара, свири на отворено, во Градскиот Трговски Центар.Вели, луѓето ме познаваат, ја познаваат и мојата музика, сакам рокенрол, и се трудам да ја доловам колку што можам поавтентично секоја песна, до оние кои веќе се навикнати да ги слушаат песните кои ги изведувам. И на топло и на ладно, неговите раце се навикнати да свират.
Во зима, вели, му е потешко, бидејќи ниските температури го кршат и најсилниот јунак.
“Колку и да сакам, неможам повеќе од два –три часа да бидам на отворено. Покрај мене секојдневно минуваат илјадници лица, некои ги познавам бидејќи не ме одминуваат а да не ме поздрават, да се насмевнат и да ме прашат како сум! А, тоа верувајте многу ми значи. Вадам колку за леб и да го поминам денот. Со мене веќе пет години свири и мојот пријател и колега Ванчо Арсов, но тој на крајот од денот има семејство каде да се врати. Јас останувам сам со мојата гитара. Таа е, морам да признаам , мојот најверен пријател.
Животот на улица е многу тежок. Немам семејство, немам роднини, само неколку пријатели со кои не ме врзуваат многу убави нешта. Сакам да му се радувам на животот, но немам конкретно на што, освен на музиката. Кога свирам некои песни во кои многумина препознаваат радост, мене ми плаче душата, зошто можеше да биде поинаков и подобар и мојот живот. Поминав низ многу животни искушенија, се борев со алкохолот и сеуште ја водам таа битка на искушенија. Испуштив неколку животни прилики да создадам семејство, пријателство и дом, и на крајот повторно останав сам. Немам постојано место на живеење, бидејќи гаражите, подрумите или трошните куќарки се лесна мета на разбојништво. Ме бркале од многу места и затоа немам постојано место кадешто можам да преноќам. Во петок одам во пунктот за бездомници во Момин поток, да се избањам, да каснам топол оброк. Летно време можам полесно да се снајдам, во зима е многу тешко. Понекогаш останувам во пунктот, но само накратко, а храна и топол кревет требаат секој ден нели?”- вели уличниот музичар Слободан Симоновски-Цобе.
Подалеку од лажни пријатели!
Лажниот пријател е како сенка. Кога е сончев денот не можете да се ослободите од него, а кога е невреме неможете да го најдете, вака низ смеа го опишува своето животно искуство со пријателите, вистински или не, уличниот музичар Слободан-Цобе. Низ триесет години поминати со музика, секојдневнието му е пропратено со многу луѓе, од кои повеќето, вели, лажни пријатели. Денеска, додава, е тешко да најдеш луѓе кои ќе те разберат или уште помалку ќе ти помогнат.
Омразата се вкоренила меѓу луѓето. Порано не беа такви!-се сеќава Слободан.
Повеќе на Faktor.mkВели, луѓето ме познаваат, ја познаваат и мојата музика, сакам рокенрол, и се трудам да ја доловам колку што можам поавтентично секоја песна,



