Исповед од пеколот на дрогата: Ја изгубив жената, децата и…

„Хероинот ми го уништи животот. Го изгубив семејсвото. Моите три девојчиња… моите три ангели и сопругата. Ме оставија затоа што никој од нив не сакаше да живее во овој пекол кој им го приредив на сите“, раскажува еден зависник.
Една новинарка го споделила својот разговор со зависник од дрога, а воедно тoa била нејзина прва средба со еден наркоман.Никогаш порано не сум запознала личност која користи хероин, а веќе претходно имав формирано мислење, како и повеќето луѓе.По разговорот со директорот на центарот за зависници од дрога, кој ми ја објасни целата ситуација за луѓето кои доаѓаат, на вратата се појави еден човек.„Слушнав дека дошле новинари. Јас сакам да зборувам.
На прв поглед не изгледаше ништо поинаку од луѓето кои секојдневно ги сретнувам на улица. Средна висина, цврста градба, убаво облечен. Единствно што ги издаваше беше погледот и жолтилото на белките од очите.Не стигнав ниту да го поставам првото прашање, а тој веќе ја започна својата приказна, како да има желба било кој да го чуе и од себе да го тргне товарот кој го носи со години.
„Земам дрога од 1996 година Од тогаш сум актвен корисник на хероин“, рече гледајќи ме дирекно во очи.Во моментот настана непријатна тишина. Се збунив и не знаев што смеам да го прашам и како ќе реагира. Искрено, се исплашив. Изгледа дека и тој го забележа тоа, па продолжи:„Во овој центар добивам чист прибов и средства, за да не се заразиме. Пронајдов утеха и разбирање и од страна на другите луѓе, кои не се зависници,а ја разбираат мојата болест“.
Отворено писмо до мојот син наркоман

Застана, а јас го прашав: Ти си свесен дека тоа е болест?
„Да. Јас не можам да престанам со тоа и затоа сум болен. Неколу пати успевав да апстинирам, за времето поминато во затвор. Пред месец дена бев пуштен на слобода и се врати на својата навика“.Во неговиот глас се чуствуваше неговата одлучност и ме зачуди како може да зборува за сето тоа на мирен начин. А уште не ни слушнав ни половина од она што ме чекаше.
„Кога неколку пати ќе земеш хероин, ти нема спас. Кога не го земате кризата е таква што трпите страшни болки. Повраќање, кашлица, болки кои буквално се необјасливи и доведуваат до губење на свеста. Кога повторно во организмот ќе внесеш доза, се враќаш на „седмо небо“, рекол мирно.Замолче. Не му поставував прашања. И јас молчев во шок, чекајќи да продолжи.А потоа рече…„Хероинот ми го уништи животот. Го изгубив семејството. Моите три девојчиња моите триангели и сопругата. Ме оставија затоа што никој од нив не сакаше да живее во овој пекол кој им го приредив на сите“, раскажува еден зависник.Гласот му трепереше.Зошто не престанавте? И зошто воопшто почнавте да земате хероин?, внимателно прашав.
„Некои луѓе почнуваат немаштија и бегање од реалноста, а јас почнав поради премногу пари. Работев, додека бев помлад и во еден момент кај себе имав околу 20.000 евра. Се дадов на дрога, а само илјада вложив во семејниот дом.“Овој човек, кој од безбедносни причини сакал да остане анонимен, за сите загуби во животот ја обвинува дрогата, но и себе. Тврди дека не може да престане, бидејќи е посилно од него.Секој ден се буди со истата болка во душата, поради се што сторил, но воедно не престанува да се дрогира.Неговиот план, како што вели, е дека некогаш ќе престане и се надева дека нема да биде предоцна за тоа.Никогаш порано не сум запознала личност која користи хероин, а веќе претходно имав формирано мислење, како и повеќето луѓе.По разговорот со д

Пронајдете не на следниве мрежи: