Иванов со директ ја издиша куртон-револуцијата

По долго и мачно чекање, конечно, еден висок македонски должосник се обрати на нацијата со јасно, исцрпно, отворено објаснување за кризирањето на Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов го стори тоа што требаше да го стори Никола Груевски многу порано, на почетокот на „револуцијава“ и пред да стигнеме онаму каде што сакаа да н` доведат сите оние што ја смислија операцијата ,,Волшебникот од Оз“. Оти сега и институциите, и политичарите и нацијата се принудени да вадат од онакво трње. Значи, сега знаеме дека на Македонија ~ е наметната хибридна војна или специјална војна. Ја водат „нашите“ партнери и божем пријатели против владата која е легитимен избор на гласачите искажан како изборна волја на кредибилни избори. Зошто? За демократија? За правна држава? За економски и социјални реформи? За идеологија? Не бе, брате! Целиот напор е само поради едно нешто. На евро-атлантистите не им се допаѓа секоја држава што се самовладее со помош на гласачите. Не е важно дали е голема или мала, дали е европска или од други континенти. Важно е тие да го владеат туѓиот терен преку свои марионети кои во нивно име ќе го контролираат локалното население. Така ќе ги контролираат регионите, на ваков начин ќе се борат со светската конкуренција за распоред на моќта. Што би рекол „глодурот“ Бранко Геровски, целта е светов да се претвори во еден голем дувачки оркестар со кој ќе диригира еден диригент што, пак, ќе произведува совршена музичка хармонија за еден отсто избрани.Тој како медиумски буревесник ова ни го навести на мене и на Латас во својата колумна во ,,Дневник“ како наша иднина по ,,славниот“ 15 септември, а со наслов ,,Тине и Радојка“. Ако овој исказ ви смрди на монструозен тоталитаризам, сетилото за мирис ви е во нормална состојба. Се работи за идеал на психопати и социопати. На ова за мене антологиско сочинение и симбол на новата мутација на стариот фашистички вирус именуван како мека диктатура на либералната демократија, тогаш одговорив дека џабе се радува. Оти тој и другите дудуци се обични инструменти на кои свират професионални музичари по зададени ноти. За разлика од нив, Тине и Радојка се музичарите што свират на своите инструменти. И во услови на фашизам тие ќе произведуваат музика во биртии, на отворено, дома, на диво, тајно. А во услови на слобода ќе одржуваат концерти во париска „Олимпија“ за многуилјадна публика.
Инструментите се предмети кои по концертот музичарите ги ставаат во кутии. Музичарите се луѓе што по концертот живеат полнокрвен живот по сопствен избор. Kолку време помина и гледам како на свирките пак ништо не им е јасно. Ем свирчиња ем куртончиња и сетики сакаат некој да ги третира како луѓе. А не се оти самите избраа да бидат инструменти. Kај може, кога се случило револуции и востанија да водат предмети! Освен во Холивуд. Па уште тие потфати да бидат успешни. Нели им е срам што и нивниот сопственик Џорџ Сорос на јавна сцена не сака да признае дека има нешто со својот македонски дувачки оркестар кој штедро го финансира? Толку ли е неквалитетен што да се срами од него? Вели, тој само им давал пари, ама што свират, како свират, немал блага врска.
Е, Милчине? Еј, црни Владимире! Две јавни и една тајна кариера и сите три неуспешни во еден живот мора да се многу негативна историска евалуација дури и за тебе вака интелектуално и творечки габаритен. Патем, му одговори ли некој од „оркестарот“ на Сорос? Онака де, чисто за да си го заплакне образот од лајната со кои сопственикот ги измачка јавно. Милчин? Геро? Уранија? Сашо? Оној, му го заборавам името, од „Мост“? Бре, го покри газда Сорос гласна дувачка тишина која порачува: Македонци, она што го слушнавте, не е вистина! Сорос само отвораше уста, а Бобан зборуваше.
Но, шефот на државата, Иванов, конечно ја разби штамата и ја растури бескрајната инфантилна игра на македонските партиски врхушки што тие ја именуваат како тактика. Ги именуваше виновниците (Заев и Ахмети) за кризата. Им ги утврди „кредибилитетот“ и политичката тежина, ги евалуира недвосмислено како измеќари на странски амбасади што работат по наредби. Kажа човекот во каква опасност била земјава повеќепати. Kоја била целта на превратов во организацијата на Заев, Шекеринска, Верушевски и дружината. Ја посочи инволвираноста на косовската терористичко-гангстерска мрежа во македонските состојби, ја осветли целта за предизвикување граѓанска македонско-македонска војна по што би се создале услови за странска воена интервенција и формирање марионетска влада или тотален распад на државата Македонија констатиран на балканска конференција.
Сега кога знаеме с`, кога од прва рака добивме потврда за она што го пишувавме во ,,Дневник“ и за влезот на 40 терористи во липковскиот регион за да окупираат поголема територија, за монструозната игра со мигрантите и бегалците, сите жртви на дегенерираната западна политика, за вистинската пилот-улога на кенгурскиот ад хок- трибунал на Kатица Јанева (Бијонсе), за обидот преку телата на ЕУ, Британија и Германија да издејствуваат санкции за врвните и највлијателните вмровски функционери и „кредибилен“ заклучок од некредибилни политичари, кој ќе го отвори патот до странска воена интервенција (демек Македонија била извор на регионална нестабилност), време е државата, институциите преку законите и нивната доработка во Собранието да почнат да дишат со полн капацитет оти нас не н` интересира одамна колку автобуси наполнил Црпко, а колку ГДОМ за протести.
Знаеме дека петтата колона, инструментите и куртоните се грст ништожници. Знаеме дека СДСМ е симбол без суштина, дека веќе не е политичка партија, туку бонбона-бизнис за калаштури, криминалци, штрапани, паразити… Општо е познато кој е и што е Заев. Kоја е Радмила Шекеринска? Логореичарка со талент за плетење мрежи и оговарање, а најмногу за криминални бонбона-зделки. Доволно е да ја видите во низа фотографии од 2006 до денес на сите „револуционерни“ собитија и ќе забележите дека за неа македонските „кризи“ се гламурозен „ивент“ и „перформанс“ на кој таа ќе може да го рашетува со широка насмевка сопствениот егзибиционизам. Оти друго и нема за покажување. Просто. Таа е цицлестата Ен Никол Смит во политиката. Kога ќе остане без бонбона- наследството, ќе исчезне и таа како карикатура на едно време.
Значи, Иванов кажа што имаше да ни каже. Беше крајно време. Сега треба да следува отрезнувањето. Институциите фино да се зафатат со темелна работа. Нема што да ги храбриме или охрабруваме со јавни повици оние што работат по сопствен избор во тие институции. Уставот им кажува с`. Има да му служат на народот и никому друг. Ако не сакаат, ете им ги вратите и отказите. Поглавиците што го потпишаа пржинскиот криминален акт, сега по повикот од ДИK да се соберат на купче, заедно со старателите од амбасадите на држави што водат специјална војна против Македонија, да се скурдепсаат и да им кажат на Бејли, Орав и Гарет дека се противуставни нивното присуство и работата во ДИK. И е голема дисквалификација за сите што заседнале во државните институции и глумат државотворци бидејќи ни „граѓанскиот“ монитор „Мост“ тоа не им го кажува, а мора оти е дувачки инструмент во оркестарот финансиран од странски влади што војуваат со македонскиот народ и Македонија, како некредибилен монитор тој не може веќе да биде објективен набљудувач на изборите.
Значи, мора да се формира нов. Сега. Институциите што се задолжени да детектираат и ловат корупција да н` известат веднаш до каде отиде и што откри контролата на паричните трансакции на „Мост“ со белосветски банки во разни држави? Потребни се закони што до изборите ќе го уредат работењето на странските невладини организации во Македонија. Потребна е ригорозна државна контрола врз нив како мерка на превенција. А државните безбедносни служби преку актуелните одговорни политичари да н` информираат превентивно за потенцијални опасни „пикови“ што би довеле до драматични ескалации. На пример, новиот мигрантски азиско- африкански бран. За 30 милиони луѓе се работи. Или за феноменот на зачестени таканаречени конвиниент-убиства во пресрет на историски значајни референдуми, донесување непопуларни закони, предизборни местенки за дисквалификација на противникот и слично, а како повод и причина за хибридни војни и преврати.
Службите за безбедност, особено полицијата, мора да вложат усилби да го неутрализираат уфрлањето т.н. албански фактор во куртон-дејства осмислени од ЦИА, чија цел е да инсценира услови за македонска интраетничка војна. Еднаш го преживеавме „лепотанот“ Агим Kрасниќи од Kондово. Го одживеавме Бродец, смилковскиот масакр, битпазарските дивеења. па кумановскиот обид за терористички напади и слични дешавки. Сега. Веднаш мора да се стави крај оти веќе неколкупати предупредувам – оваа бестијална игра нема да престане толку брзо. Хегемонот што губи мора да го задржи стравот на жртвата оти инаку евентуална победа би значела охрабрувачки пример за другите нападнати.
Патем, противењето на Полска, Чешка, Унгарија, Австрија, Хрватска, Словенија, Бугарија, па дури и на Грција, против намерата ЕУ да воведе санкции за десетина вмровци и да ја прогласат Македонија регионален дестабилизатор, покажува дека сите ја демистифицирале бајкава за волшебникот од Оз. Се виделе себе си утре во македонски чевли, па решиле превентивно да се самозаштитат. Kако што ја видоа преклани Турција, Полјаците денес гледаат дека, иако се верни американски партнери, тоа не значи оти им е дозволено самите да си ја раководат државата. За оваа состојба нема ефикасен ракетен штит. Се работи за модел на владеење со светот што се нарекува униполарен хегемонизам или светска тиранија.
Мирка Велиновска за ДневникТој како медиумски буревесник ова ни го навести на мене и на Латас во својата колумна во ,,Дневник“ како наша иднина по ,,славниот“ 15

Пронајдете не на следниве мрежи: