Ивица Обрван: Немам никакви емоции што ќе играм против Хрватска, Македонија е моја репрезентација

На денешниот брифинг, на располагање на новинарите беа селекторот Ивица Обрван и Филип Миркуловски.“Против селекцијата на Хрватска ќе се бориме за првото место во групата. Сакам да одиграме добар натпревар, да прикажеме квалитетна игра, па и да го нападнеме првото место. Горд сум на моите играчи кои имаа сили да излезат од една проблематича ситуација и во првите три кола да освојат шест бода. Го респектирам противникот, но не се плашиме од никого. Немам никакви емоции што ќе играм против Хрватска, која ја сакам со целата душа. Моментално, моја репрезентација е Македонија и ќе направам се за да дојдеме до победа против хрватската репрезентација“, рече селекторот Обрван.

Претпазлив оптимист е и левиот бек Филип Миркуловски.
“По добриот старт и трите победи дојдовме во ситуација, со победа против Хрватска, да стигнеме до првото место во групата. Оваа генерација првпат се сретнува со Хрватска, една од првите четири селекции во светот. Не смееме да ги прецениме, затоа што ќе имаме проблем, како на средбата со Франција. Хрватска има поквалитетен состав, но со пожртвувана и машка игра, особено во одбраната, и ако играме на нивото како против Тунис, можеме да победиме секого. Хрватите имаат одлична одбрана, која ќе треба да ја пробиеме, а пак, од другата страна, ќе треба да ги спречиме нивните брзи крила. Ќе дадеме се од себе за да го изненадиме противникот“.

Извор/Фото: rkmetalurg.mk“Против селекцијата на Хрватска ќе се бориме за првото место во групата. Сакам да одиграме добар натпревар, да прикажеме квалитетна игра, па

Пронајдете не на следниве мрежи: