ЈА СЛАВИМЕ СВ. ВАРВАРА: Сварете го ова јадење денес за да го дочекате Божиќ во мир и благосостојба!

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченичка Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.
Житието сведочи дека света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко ѝ беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко ѝ. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко ѝ дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.
Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со пресвета Богородица.
Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

Зачуван е обичајот на денешен ден да се свари јадење од разни житарки кое ќе се јаде во наредните денови. Исто така, се „сее“ жито во плитка чинија или тацна, која ќе изникне до Божиќ.
Варивото се остава навечер да врие на тивок оган и на Варварин ден се гледа од која страна е зовриено, па во народот се сметало дека од таа страна на полето требала да се сее пченица ако сакаат добар род. Вареното жито се јаде дома, со него се посипува местото од кое што се зема вода за пиење, а се меша и со сол, па му се дава на добитокот.
Нашите предци сметале дека од денес денот почнува да расте, а ноќите да стануваат сѐ пократки и до Божиќ денот станува до половина час подолг.
Ова е рецептот:
пченка
пченица
вода
ореви
мед
Напомена:
Количината на пченица и останатите намирници е по сопствена желба. Може да се подготви вариво од ½ кг пченица, 250 г пченка, 250 г ореви и 6 лажици мед.
Пченката и пченицата треба да се полеат со вода (за 2 центиметри преку нив) и се остава да отсојат преку вечерта. Наредниот ден треба да се налее со чаша чиста вода и на намалена температура да се готви 2-2,5 часа (додека течноста не испари, а зрната да омекнат). Се додава мед и исецкани ореви, се промешува и после се служи.Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.
Житието сведочи дек

Пронајдете не на следниве мрежи: