Јадења за Бадник кои ќе ви донесат среќа, здравје и плодност во домот!

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна која ќе Ви донесе среќа, здравје и плодност.Јадењата потребно е да бидат со непарен број, а колку повеќе ги има – толку подарежлива ќе биде новата година во домот.
Задолжително е јадењата да бидат посни.
Погача со паричка  – Погачата замесена со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во неа се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.
Суви пиперки со грав/сарма со зелка –  За трпезата на Бадник се користат суви пиперки кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.
Компот од суви сливи  – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате друго суво овошје.
Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) –  Во минатото, на Бадник се кршеле оревите кои биле наменети за секој член од семејството. Ако јатката им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.
Кисела зелка –  Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија.
Печена тиква  – Важно е на трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да биде благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите, затоа него можете да го ставите врз печената тиква.
Лук –  Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.
Покрај наведената храна, на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.Јадењата потребно е да бидат со непарен број, а колку повеќе ги има – толку подарежлива ќе биде новата година во домот.

Пронајдете не на следниве мрежи: